Модната историја на Ким Кардашијан за Вог: „Плачев после мемињата за фустанот од Мет Гала“
- Детали
- понеделник, 25 ноември 2019
Ким Кардашијан беше ставена пред модно навраќање во минатото и тоа пред камерите за магазинот Вог.
Во новото видео коментираше 21 нејзин изглед, почнувајќи од модни погодоци кои со задоволство би сакала да ги износи повторно, до катастрофалното појавување на Мет Гала додека беше бремена, па на враќање накај дома плачела поради злобните мемиња.
„Додека се возевме во автомобилот се сеќавам дека Канје ми рече: Прекрасно изгледаш, среќен сум за тебе. И потоа плачев цел пат до дома бидејќи едноставно не верував.
Имаше толку многу мемиња од мене во споредба со кауч и мислам дека дури и Робин Вилијамс ме сподели на Твитер, велејќи дека изгледам како госпоѓа Даутфаер.“
Целото видео изгледајте го во продолжение:
М. Д. | Црнобело