Деми Ловато се крсти во реката Јордан за време на нејзиното духовно патување во Израел
- Детали
- среда, 02 октомври 2019
Познатата пејачка, која во 2018-та година речиси се предозира, неодамна замина на духовно патување во Израел и се крстила во реката Јордан.
На 1-во октомври, Деми објави фотографија од церемонијата со опис:
„Јас сум американска пејачка. Бев одгледана како христијанка и имам еврејски предци. Кога ја добив неверојатната можност да ги посетам местата за коишто читав во Библијата, реков да. Има нешто магично за Израел. Никогаш не сум почувствувала таква поврзаност со Бог… нешто што ми недостасуваше веќе неколку години.“
https://www.instagram.com/p/B3F1tVohjwp/
Пејачката исто така објаснила како ова патување го променило начинот на којшто се гледа себеси и Бог.
„Духовноста ми е многу важна. Да бидам крстена во реката Јордан, истото место каде што бил крстен Исус, никогаш не сум се чувствувала волку обновено.“
„Ова патување беше многу важно за мојата благосостојба, моето срце и мојата душа. Благодарна сум за сеќавањата и можноста да ја пополнам дупката во моето срце. Ти благодарам за гостопримството, Израел.“
Деми споделила и фотографии од меморијалниот центар за жртвите на холокаустот Јад Вашем, како и фотографија со детенце од националниот центар Shalva.
https://www.instagram.com/p/B3F3chlBGNJ/
https://www.instagram.com/p/B3F4g13hgX-/
Спирова С. | Црнобело