Морган Фримaн носи обетки за да си го плати погребот и уште 9 факти кои ѕвездите случајно ги откриле
Силвестер Сталоне бил измамен за да глуми во ужасниот филм Stop! Or My Mom Will Shoot
Сталоне бил навистина скептичен за дали да ја прифати улогата во оваа комедија, а не сакал ни да го прочита сценариото
Но, креаторите на филмот започнале гласини дека Шварценегер ја сака главната улога. Шварценегер потврдил и лажел дека е заинтересиран за проектот. Дури откако го потпишал договорот, Сталоне сфатил што се случило.
Неговото мислење за филмот е:
„Еден од најлошите филмови во целиот соларен систем, вклучувајќи ги и филмовите на вонземјаните што ги немаме видено досега.“
Хју Грант се преправал дека е свој агент цели 4 години
Во едно телевизиско шоу, Хју изјавил дека 4 години се преправал дека е свој агент, по име Џејмс. Тој направил и лажна имејл адреса, а кога разговарал на телефон, зборувал со шкотски акцент.
Атерот кажал дека со ова, сигурно заштедил цело богатство.
Џорџ Лукас не доби Оскар за Star Wars, туку го доби неговата сопруга
Џорџ Лукас го помина половина живот работејќи на Star Wars. Тој беше режисер, сценарист и продуцент на филмот.
Но и покрај неверојатниот успех на франшизата што го направи милијардер, тој никогаш не доби Оскар за трудот.
Марсија Лукас, неговата тогашна сопруга, доби Оскар за најдобра монтажа за истиот филм. Набрзо потоа, парот се раздели.
Хали Бери анонимно разговарала со странци на интернет
Хали Бери признала дека не го кажувала своето име на интернет, за да ги избегне фановите и само да разговара со некој. После неколку денови разговор, таа кажувала која е, но, се разбира, никој не ѝ верувал.
Стив Мартин, Том Хенкс и Мартин Шорт прават „колоноскопија забави“
Стив Мартин и Мартин Шорт споделиле дека се подготвуваат за колоноскопија правејќи забава. Еден ден пред прегледот, тие, заедно со Том Хенкс, оделе во домот на Стив, каде што играле покер и гледале филмови.
Но, наместо да пијат виски или коктели, тие ги пиеле лековите што ги подготвуваат за процедурата.
Спирова С. | Црнобело