Морган Фримaн носи обетки за да си го плати погребот и уште 9 факти кои ѕвездите случајно ги откриле
- Детали
- недела, 29 септември 2019
Изгледа дека повеќето актери немаат авантуристички живот само на екран. Некои од нив биле крадци, некои биле наставници кои удриле ученик, а некои, пак, анонимно комуницирале со странци на интернет.
Погледнете ги интересните факти што познатите случајно ги откриле за себе:
Морган Фримaн носи обетки за да си го плати погребот
Во едно интервју, Морган изјавил дека неговите обетки чинат доволно за да ги покријат трошоците за ковчег. Ова било во случај да умре на непознато место.
Актерот изјавил и дека морнарите носеле обетки од истата причина.
Лиам Нисон бил наставник и удрил ученик
Во една телевизиска емисија, Лиам Нисон изјавил дека неколку години работел како наставник во средно училиште.
Еднаш еден 15-годишен ученик се однесувал недолично, па Лиам го замолил да го напушти часот. Но, ученикот извадил нож, по што Лиам го удрил.
Бидејќи ударот не бил проценет како самоодбрана, Лиам го загубил работното место.
Дени Трехо бил зависник и ограбувал продавници на 12-годишна возраст
Актерот Дени Трехо има поминато 11 години во затвор за вооружен грабеж и продавање наркотици.
Дени почнал да користи наркотици уште на 8-годишна возраст, а дури да наполни 12, веќе бил зависник од хероин.
Додека бил во затвор, се приклучил во програма за рехабилитација и станал шампион за боксирање во установата.
Подоцна, тој бил забележан од режисерот Андреј Кончаловски, а оттогаш се има појавено во над 200 филмови.
Денес Дени има отворено и продавници за кафе и крофни и вработува луѓе кои биле на рехабилитација и сакаат одново да го започнат животот.
Николас Кејџ купил украден череп од тираносаурус
Во 2007-ма година, Николас Кејџ и Леонардо Дикаприо биле на аукција и се наддавале за навистина чуден предмет – череп од тираносаурус. Николас понудил повеќе пари, но излегло дека черепот бил нелегално донесен од Монголија.
Актерот се согласил да го врати черепот на властите во Монголија.
Соучениците на Двејн Џонсон мислеле дека е прикриен полицаец
16-годишниот Двејн изгледал многу постаро од неговите соученици. Тој бил висок и имал мустаќи, па неговите соученици мислеле дека е полицаец на должност, кој се преправа дека е ученик.