Најдраматични разводи во '10
- Детали
- понеделник, 27 декември 2010
Иако кај нас не знаеме многу работи за животот на нашите ѕвезди, во светот на големо се зборува за најинтимните детали од животите на најголемите ѕвезди. На крајот...
...на краиштата тоа е цената што треба да ја платат за сите оние милиони кои ги добиваат.
Ако 2009 беше популарна за нови бебиња, се чини дека изминатава година беше посебно популарна за разводи.
Тајгер Вудс и Елин Нордегрен
Речиси цела година се забавуваме со гревовите на пребогатиот голфер во форма на љубовници и проститутки кои го сакале своето парче од неговото богатство и 5те минути слава.
Мел Гибсон и Оксана
Следува развод кој воопшто не нè забавуваше туку не чудеше и застрашуваше. Едногодишниот брак беше прекинат во април, за во јули жолтиот печат да почне да изнесува факти од страшни размери, незамисливо психичко и физичко насилство. Потоа, следуваа информации за излетувањето од патот од необјасниви причини и барањето неговата 11 месечна ќерка да плаќа станарина.
Сандра Булок и Џеси Џејмс
СандраБулок оваа година влезе во филмските анали откако освои Златна Малина и Оскар, а во исто време се разведе од Џеси Џејмс откако излегоа во јавност детали за неговото неверство со Мишел МекГи. Откако згреши, Џеси се покаја, отиде на терапија, јавно ја молеше Сандра да му се врати, но преубавата глумица одлучно реши да сврти нова страница во нејзиниот живот.
Ева Лонгорија и Тони Паркер
На Ева и Тони им цветаа љубовни ружи, или барем така ни се чинеше сè додека не почнаа приказните за развод. Најпрво, беше обелоденето неверството на Тони, а потоа и она на Ева. Во секој случај, брачната приказна од бајките се сруши на тлото на реалноста.
Елизабет Харли и Арун Нејер
Лиз го изневери индискиот тајкун Арун со славниот играч на крикет, по што почнаа медиумските игри околу поделбата на имотот. Бидејќи Лиз е побогата од сопругот, британските медиуми известуваа дека ќе мора дел од своето богатство да му го препушти на сопругот. Но, не беа во право. Лиз и Арун биле веќе одамна свесни дека на нивниот брак е дојден крајот. Таа му се извинила на неговото семејство, а тој за да го спаси своето достоинство се одрекол од нејзиното богатство.
Кристина Агилера и Џордан Братман
Секси пејачката и нејзиниот сопруг најпрво почнале да живеат одвоено, за да сфаттат дека на патот кон брачното пријателство ја изгубиле и страста. Со тоа Кристина не можела да се помири, па веднаш тргна во освојување и жени и мажи, од Сем Ронсон па се до Метју Ратлет.
Скарлет Јохансон и Рајан Рејнолдс
Најпрво Скарлет беше прогласена за најсекси жена, па Рајан за најсекси маж, по што логично станаа најсекси двојка на годината. И што потоа? Развод. Наместо да уживаат во секски брачни игри, Рајан се заиграл со друга девојка, по што Скарлет побесенела и решила да го прекине бракот. Но, најсекси прекинот не е од ведро небо, туку е последица на пречестата раздвоеност поради снимањата на славниот пар.
Чарли Шин и Брук Мулер
Чарли, оваа година сосема полуде, па од жолтите рубрики премина во црните. При крајот на минатата година ја претепа својата сопруга, заканувајќи се со нож на грло, што таа му го прости. Потоа, се заредија скандали со проститутки, а врвот на тоа беше заклучена проститутка во плакар. Е ова веќе Брук не можеше да го толерира и поднесе барање за развод.
Кортни Кокс и Девјди Аркет
Жолтите страници сметаат дека најавата за овој развод е само очаен обид да се подигне прашина околу заспаните кариери. Но, не беа во право, бракот пропадна, а наводно Дејвид се пропил поради тоа. И познатите патат, зарем не?
На крај, неизбежно е прашањето нивните милиони или мирниот и хармоничен живот?