Меланија Трамп и Брижит Макрон се главни помеѓу првите дами на Самитот Г7 (фото)
- Детали
- вторник, 27 август 2019
Се поздравија со бакнеж во образ и фатени за рака се упатија кон останатите дами – Меланија и Брижит изгледаат како најдобри другарки.
По вниманието кое го привлече со „страсниот“ бакнеж со канадскиот премиер, Меланија сега е во фокус заедно со првата дама на Франција.
Додека мажите разговараат за сериозни проблеми на Самитот Г7, нивните сопруги се шетаат, дружат и фотографираат, а „другарките“ Меланија и Брижит очигледно се главни помеѓу сите нив.
Сопругата на францускиот претседател Емануел Макрон, за средбата со останатите дами се одлучи за Louis Vuitton фустан, додека пак првата дама на САД се појави во бел фустан со дезен.
Двете први дами се поздравија пријателски и фатени за рака се упатија кон плажа за фотосесија со останатите понежни половини на светските сили.
Меланија и Брижит главни на женскиот собир на плажа:
М. М. | Црнобело