Која е Марија Тереза Турион Борало - дадилката на принцот Џорџ?
- Детали
- сабота, 27 јули 2019
Со толку многу деца, не е ни чудно што кралското семејство бара помош за нивното одгледување. Дадилката на којашто најмногу се потпираат е Марија Тереза Турион Борало.
40-годишната жена потекнува од Паленсија, Шпанија и според неколку извори, му се придружила на кралското семејство во 2014-та година.
Најпрво се грижеше за принцот Џорџ, а прв пат се појави во јавноста со семејството кога Вилијам и Кејт го понесоа и Џорџ на нивната турнеја во Австралија и Нов Зеланд.
Марија завршила на престижниот колеџ Norland кој е познат како место каде што учат негувателите за најважните британски семејства.
Тамошните студенти ги учат традиционалните трикови и правила за грижа на деца, но учат и готвење, техники за шиење, како и самоодбрана и прва помош.
Дадилките од овој колеџ, кој е стар 125 години, навистина знаат како да се грижат за децата на најважните луѓе. Па, Марија знае буквално сè што е потребно за едно дете.
Додека студираат, дадилките од колеџот носат многу малку шминка и косата им е постојано собрана. Дозволено им е да носат еден пар мали обетки и можат да носат само рамни чевли со врвки.
Униформата најпрво била направена за да се разликуваат од останатата помош во богатите семејства, но не се обврзани да ја носат надвор од училиштето.
Повеќето ја избегнувале бидејќи привлекувала внимание кон нив и кон децата. Но, јавноста често ја гледа Марија со нејзината униформа.
Дадилките на Вилијам не биле од овој колеџ, но кралското семејство неколкупати има најмено дадилки од училиштето.
Според некои извори, принцезата Шарлот учи шпански од Марија. Во мај 2017-та година, Кејт откри дека и Џорџ ги познава основите на јазикот.
Интересно е што на почетокот, Вилијам и Кејт изјавиле дека не сакаат дадилка. Во 2013-та година, кога се роди Џорџ, тие најмиле една од поранешните помошнички на кралицата за да им помага со кучето, перењето облека и завршувањето на обврските.
Но, со текот на времето сфатиле дека им е потребна и помош од дадилка.