Која е Марија Тереза Турион Борало - дадилката на принцот Џорџ?
Најпрво ја најмиле поранешната дадилка на Вилијам, 72-годишната Џеси Веб. Но, таа веќе била во пензија и не планирала да останува долго.
Тогаш парот решил да ја најми Марија, која има многу искуство со грижа за децата. Најверојатно, платата на Марија изнесува 100.000 долари годишно. Имено, според училиштето, искусните дадилки кои живеат и работат во Лондон неретко заработуваат толку.
Марија живее со кралското семејство, а често ги придружува и на патувањата.
Најдоброто е што Марија им дозволува на децата да бидат деца. Токму таа е одговорна за слатките фотографии од принцот Џорџ што се појавија во 2015-та година.
Без сомнение, Марија има полни раце работа. Таа присуствувала и на божиќниот ручек на кралицата за да помогне со Џорџ и Шарлот.
Исто така помагала за време на венчавката на Јуџин.
На венчавката на Меган и Хари, токму таа смирила една од малите деверици.
Марја има и одличен вкус за детска облека. Кога принцезата Шарлот ѝ беше прв пат претставена на јавноста во 2015-та година, таа носеше облека што ѝ ја подарила Марија.
Спирова С. | Црнобело