Познати мажи кои ги освои Анџелина Џоли + единствената жена што ѝ беше љубов
- Детали
- сабота, 13 јули 2019
По занесната глумица лудуваа најзгодните холивудски фраери. Едни ги сакаше до болка. Кон втори чувствуваше фатална привлечност. А, за трети никогаш не призна дека воопшто ѝ се блиски. Колкумина ги паметите?
Ова се познатите мажи кои ги освои Анџелина Џоли, како и единствената жена што ѝ беше љубов:
Џони Ли Милер
Кога во 1996 година се омажи за првиот сопруг, холивудската убавица беше на прагот на дваесеттите. Анџелина Џоли го освои срцето на колегата Џони Ли Милер. Двајцата се запознале на сетот за филмот „Hackers“.
Наводно на церемонијата носела бела маичка, на која било испишано неговото име со нејзината крв. По разделбата во 1999 година, поранешните сопружници останаа во пријателски односи.
Николас Кејџ
За припадниците на посилниот пол, глумицата е симбол за смела и доминатна жена, која има моќ да ги натера мажите да прават лоши и безобразни работи. Вклучувајќи го и актерот Николас Кејџ. Тој беше забележан како се бакнува со Анџелина Џоли во 2003 година.
Итан Хок
Бред Пит не е првиот оженет маж во кого се вљуби убавицата. Анџелина Џоли има долга историја на заведување мажи со сопруги. Еден од нив е колегата што одбра да живее со дадилката, а ја остави поранешната партнерка Ума Турман.
Се зближиле во 2003 година, додека заедно го снимале филмот „Taking Lives“. Итан Хок призна дека со неа го има доживеано најдобриот бакнеж.
Колин Фарел
Ирското лошо момче е уште еден од многумината актери, којшто људо се вљубил во холивудската бунтовничка, работејќи заедно со неа на историскиот филм „Alexander“. Меѓутоа, двајцата никогаш не стапиле во сериозна врска.
Анџелина Џоли тогаш едноставно сакала максимално да му се посвети на синот Медокс. Според добро упатени извори, Колин Фарел и покасно се обидел да ѝ се доближи на глумицата, но без никакви шанси одново да ја оживее романсата.
Џаред Лето
Заради нејзината провокативна природа, во медиумите се појавија написи дека и маркатниот глумец и пејач не бил ладнокрвен во присуство на дивата Енџи. Особено што покрај споменатиот Колин Фарел, тој исто така беше дел од екипата на историскиот филм „Alexander“.
Веројатно зад снимањето на ова епско ремек дело се кријат мноштво измешани чувства и скриени желби. Години подоцна, нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит, отворено призна дека Анџелина Џоли, отсекогаш имала посебни чувства кон Џаред Лето. Само вешто ги кријат од јавноста.
Оливие Мартинез
Ни поранешниот дечко на Кајли Миног не останал рамнодушен пред шармот на Анџелина Џоли. Додека медиумите наголемо шпекулираа за наводната романса, францускиот глумец џентлменски застана во нејзина одбрана.
„Таа е многу повеќе од занесна убавица. Таа е неверојатна жена. Заслужува да биде љубена поради хуманитарната работа и сите добри дела што ги прави.“