Кралско бебе од милион долари – Колку скап луксуз си дозволи Меган за бременоста и породувањето?
- Детали
- петок, 10 мај 2019
Кралското бебе од Сасекс конечно е откриено пред светот, но откриена и „сметката“ со луксузните трошоци на Меган за време на бременоста и породувањето.
За време на бременоста, војвотката од Сасекс уживаше во „baby shower“ забава во пентхаус во Њујорк од десетици илјади долари.
Во текот на 9-те месеци од бременоста, Меган постојано беше дотерана во дизајнерска облека која чини повеќе од половина милион.
Бремената мајка во тој период уживаше и во спа одмор со нејзиниот сопруг како и акупунктура третмани, сè до породувањето во приватна луксузна болница.
Според сето ова, буџетот за нејзината бременост и породување бил прилично голем, а експертите решиле да направат пресметка на сите детали поединечно.
Во продолжение може детално да погледнеме во нејзините трошоци и луксузот во кој уживала:
- „Baby shower“ забавата во Њујорк – 50.400 долари
- Реновирање на собата за бебе – 504.246 долари
- Акупунктура третмани – 11.300 долари
- Спа релаксирање – 42.900 долари
- Породување во приватна, луксузна болница – околу 20.000 долари
- Труднички аутфити – 700.000 долари
- Аутфитот за првата фотосесија со синчето – 2.653 долари
= Вкупно – околу 1.500.000 долари
M. M. | Црнобело