Први фотки од Меган и Хари со штотуку роденото синче
- Детали
- среда, 08 мај 2019
Меган Маркл се породи пред 2 дена, а како што принцот Хари најави, денес за првпат го покажаа синчето пред светот.
Меган и Хари позираа со штотуку роденото синче во Виндзор, каде што семејството престојувало од понеделникот.
На официјалниот профил на војвотката и војводата од Сасекс беа објавени 3 прекрасни фотки од нивното прво појавување во јавност со синчето.
https://www.instagram.com/p/BxNBHHchfUM/
Кралското дете е мирно во рацете на неговиот татко, додека Меган го гали, а семејството изгледа пресреќно и возбудено за време на фотосесијата и разговорот со новинарите.
Инаку, ова е прво појавување на војвотката од Сасекс по 6 недели, а нејзината изјава гласи:
„Магично е и прекрасно. Тој е нашиот сон и овие неколку дена беа посебни за нас. Ги имам двата најдобри момци во светот и пресреќна сум.“
Првите фотки од Меган и Хари со нивното синче:
M. M. | Црнобело