„Се срамам“ - колку години затвор ѝ се закануваат на „очајната домаќинка“?
- Детали
- вторник, 09 април 2019
Таа беше уапсена во март и сега за првпат проговори за своето нелегално дело и ја призна вината. Фелисити Хофман може да добие и до 20 години затвор.
Фелисити Хофман, актерката позната по серијата „Desperate Housewives“, се изјасни за виновна по обвинението за измама и мито на тестови за резултати за колеџ.
Таа беше меѓу 14-те родители кои одлучија да ја признаат вината. По ова ќе следува сослушување, па одредување на казна за секој од нив.
Максималната казна за обвинувањата на Хофман е 20 години, 3 години условна казна и парична казна од 250.000 долари.
Актерката е обвинета дека е дел од заговор за лажирање на SAT резултатите во декември 2017 година на нејзината ќерка.
Таа изјави дека на некој начин ја „издала“ својата најстара ќерка Софија со тоа што платила 15.000 долари за некој друг да полага место неа и да има подобри SAТ резултати и со тоа можност да влезе на подобар колеџ.
Ја прифати вината, изјави дека чувствува одговорност за своите постапки и се срами од нив. Таа му се извини на своето семејство, но и на сите ученици кои вредно учат секој ден за да влезат на колеџ и на нивните чесни родители кои се жртвуваат за да им дадат поддршка.
Хофман вели дека ќерка ѝ не знаела ништо за нејзиниот потег.
Ова е нејзиното прво јавно обраќање од апсењето во март. Сопругот на Хофман, актерот Вилијам Х. Мејси, не беше обвинет во случајот.
Изјавата на Хофман:
С. С. | Црнобело