Том Круз ѝ забранил на Никол Кидман да присуствува на свадбата на нивниот син со „принцезата на скиентологија“
- Детали
- четврток, 28 март 2019
Том Круз ѝ забранил на Никол Кидман да присуствува на свадбата на нивниот син, Конор со неговата вереница која ја нарекуваат „принцеза на скиентологија“.
24-годишниот Конор Круз, ги следи стапки стапките на неговиот татко и ја прифати скиентологијата како религија.
Наскоро, тој ќе се жени со неговата вереница Силвија, која е Италијанка, а со целото нејзиното семејство исто така ја следи оваа религија и ја нарекуваат „принцезa на скиентологијата“.
Она што предизвика најголема бура во јавноста, се гласините на изворите кои тврдат дека Том Круз ѝ забранил на неговата поранешна сопруга, Никол Кидман, да присуствува на свадбата на нивниот син.
Никол нема близок однос со двете деца кои ги посвоија со Том Круз, а по нивната разделба тие останаа да живеат со него.
Според изворите, Кидман ја обвинува скиентологијата за тоа што нивното семејство се распаднало, а иако долго време не зборуваше за односот со децата, во едно интервју се отвори за отуѓените деца со Том.
Изворите за Radar изјавиле: „Прво, Том никогаш не би помислил да ја покани Никол на свадбата на Конор, бидејќи црквата ја смета за супресивна личност (термин во скиентологија со кој се опишуваат антисоцијални личности), и второ, тој не сака таа да биде таму.“
Прочитајте и контроверзни правила за децата според скиентологијата!
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





