Никол Кидман за отуѓените деца со Том Круз: „Ја избраа скиентологијата, но јас ги сакам“
- Детали
- петок, 09 ноември 2018
По разводот на Никол Кидман и Том Круз во 2011 година Бела и Конор одлучија да останат со нивниот татко.
Никол Кидман вo интервју за австралискиот магазин „Who“ беше запрашана за односот на нејзините посвоени деца со Том Круз, кои по разводот на славниот пар во 2011 година одлучија да останат со актерот.
Бела (25) и Конор (23) ја прифатија скиентологијата и не се во многу близок однос со Кидман.
„Јас сум многу затворена околу мојот семеен живот“, изјави актерката која со својот сопруг Кит Урбан ги има децата Сандеј и Фејт. „Морам да ги заштитам сите тие врски. Знам, со 150 проценти сигурност дека би се откажала од мојот живот поради моите деца затоа што всушност тие ми се смислата на животот.“
За нејзините посвоени деца со Том Круз вели:
„Тие се возрасни луѓе... Тие се способни да носат свои одлуки. Ја избраа скиентологијата и мене, како мајка, должност ми е да ги сакам. Јас сум пример за толеранција и јас верувам дека без разлика што моите деца прават, децата треба да знаат дека има достапна љубов за нив кај мене и јас сум отворена за тоа.
Сметам дека тоа е многу важно затоа што ако тоа му биде одземено на кое било дете, ќе го повреди детето и тоа е погрешно. Па, наша работа како родители е да понудиме безусловна љубов“, вели Никол и не открива конкретно ништо за нивниот однос.
Никол и Том беа во брак една деценија, но по разводот имаше гласини дека Кидман е комплетно отуѓена од децата, но таа изјави дека зборува со нив и Бела и Конор присуствуваа на нејзината свадба со кантри пејачот Кит Урбан во 2006 година.
Кидман со децата по разводот е фотографирана само неколку пати.
Знак за поврзаноста на Бела со Кидман е и тоа што младата дизајнерка една модна линија за маици ја крсти по своите родители. Но, ниту Кидман, ниту Круз не присуствуваа на свадбата на Бела во 2015, наводно затоа што таа не сакала да ѝ го украдат фокусот на вниманието на нејзиниот голем дел. Сепак, најверојатно причината е што нема здрави врски помеѓу нив или пак не сакала да ги стави на едно место поранешните сопружници кои се немаат сретнато од разводот.
Инаку, Конор веќе години наназад работи како диџеј, а во последно време се занимава и со риболов.
Прочитајте и Наоружани чувари, детски работни кампови: 10 застрашувачки факти за скиентолошката црква!
С. С. | Црнобело