Ѝ праќа роденденски подароци и уште 10 причини зошто Анистон и Пит сè уште ни се омилен пар
- Детали
- вторник, 05 март 2019
Бред Пит и Џенифер Анистон беа совршен холивудски пар кој сите го обожаваа, пред да застане Анџелина Џоли помеѓу нив.
Тие беа двајца прекрасни актери кои имаа многу приземен однос и силна врска, што ги правеше омилен и најпопуларен пар во Холивуд.
Во времето кога беа заедно, Анистон беше позната по нејзината улога во Friends, а Пит, по неговиот шармантен изглед и восхитувачка листа со филмови во кои глумел.
Сепак, нивната љубов заврши кога Џоли се вмеша, а иако поминаа многу години откако се разделија, фановите уште ги сакаат.
Неколку причини кои ги прават Анистон и Пит омилен холивудски пар:
1. Неодамна тој беше забележан на нејзината роденденска забава иако долго време не се заедно, а според изворите, неколку дена претходно, ѝ испратил и роденденски подарок.
2. Додека беа заедно тие се однесуваа како секој нормален пар според нивните изјави и велеа дека покрај свечените настани, обожаваат кога ќе останат дома да ги гледаат омилените серии.
3. Во ноември, 1999, тие упаднаа на сцена на концерт на Стинг за да ја споделат веста за запросувањето со нивниот пријател.
4. Бред и Џенифер беа од оние парови кои уживаа да слушаат музика заедно, имале сличен вкус и тоа ги поврзувало.
5. Бред бил домаќин во бракот и обожавал да работи во нивната куќа.
6. Тој секогаш го декорирал домот и се грижел за неговиот изглед, но освен тоа, тој се погрижил и нејзината соба за средување на снимањата на Friends за да се чувствува поудобно додека не е дома и ѝ изјавувал љубов со рози на ѕид.