Првите жени на славните мажи: Колин Фарел во нелегален брак, Том Круз сопругата го навлече на скиентологија
- Детали
- недела, 10 февруари 2019
Општо познато е дека повеќето љубовни врски немаат долг рок на траење во Холивуд. А, ѕвездите не се колебаат по повеќепати да запловат во брачните води. Со кого дел од познатите срцекршачи го имаа премиерното искуство?
Иако со години уживаше статус на заколнат ерген, малкумина паметат дека Џорџ Клуни во минатото беше венчан човек. Амал е всушност втората дама на која ѝ го кажа судбоносното „да“.
Истото важи и за заводникот Бредли Купер. И врапчињата на гранка знаат дека глумецот има дете со убавицата Ирина Шајк. Меѓутоа, сопруг ѝ бил само на една жена, а тоа не е манекенката.
Денешната животна сопатничка на фаталниот Џејми Дорнан, пак, некогаш била младешка љубов на неговиот постар и бунтовен колега. Знаете ли за кого точно станува збор?
Поради бројноста на последователни партнерки, краткотрајноста на бракот или сосема трети причини, на дел од нивните екс сопруги малкумина се сеќаваат.
Ова се првите жени на славните мажи:
Том Круз и Мими Роџерс
Првиот брак на славниот глумец беше со актерката Мими Роџерс. Се венчаа во 1987 година, а разделија по три години поминати заедно.
Таа е главниот виновник што ѕвездата се навлече на скиентологија. Го охрабрувала да им се приклучи на неа и нејзиниот татко, за сега оваа религија да има огромна улога во неговиот живот.
После разводот, Том Круз двапати се прежени со Никол Кидман и Кејти Холмс, а моментално е сам. Бившата сопруга, пак, денеска е среќно мажена, со две деца и не е повеќе дел од споменатата црква.
Џорџ Клуни и Талија Балсам
Пред да стане еден од најпосакуваните холивудски ергени, Џорџ Клуни беше во краток брак со Талија Балсам. Парот направи свадба во 1989 година, а се разведоа четири години подоцна.
Разочаран од лошото искуство, тој се заколна дека никогаш повеќе нема да се жени. Меѓутоа, дадениот завет го прекрши заради прекрасната адвокатка за човекови права Амал Аламудин.
И поранешната сопруга се зема за друг партнер, со кого заедно глумеа маж и жена и во популарната телевизиска серија „Mad Men“.
Рајан Рејнолдс и Скарлет Јохансон
Пред да ѝ стане венчан маж на Блејк Лајвли, канадскиот актер беше во љубов со друга русокоса убавица. Занесната Скарлет Јохансон е првата жена со која Рајан Рејнолдс oдлучи да рипне во тавче.
Ѕвездите се запознале во 2007 година, а во текот на следната направија веридба и се земаа. Издржаа само три години, по што и официјално се разведоа во 2011 година.
На глумицата не ѝ се посреќи ниту вториот брак со францускиот новинар Роман Дауријак, иако добија ќерка во текот на петте години поминати заедно. За разлика од неа, екс сопругот веќе има две со својата сакана.
Колин Фарел и Амелија Варнер
Ирскиот бунтовник и англиската актерка и пејачка биле мошне млади, кога за првпат се сретнале на филмска премира во 2000 година. Колин Фарел имал 24, додека Амелија Варнер само 19 години.
Свадбената церемонија на двојката се одржала на плажа во Тахити во 2001 година, по што глумецот го истетовира прекарот на сопругата, Мили, на домалиот прст од раката. Покасно призна дека избрзале и раскинаа по неколку месеци.
За медиумите откри и дека бракот воопшто не им бил легален. Тој остана ерген до денес, ама има деца со повеќе жени. Неговата младешка љубов, пак, заврши во прегратките на популарниот Џејми Дорнан, за кого се омажи во 2013 година.
Бредли Купер и Џенифер Еспозито
Холивудскиот заводник се има забавувано со мноштво познати дами, но само на една ѝ има ставено прстен на раката.
Бредли Купер ѝ го кажа судбоносното „да“ на актерката Џенифер Еспозито во декември 2006 година. Очигледно не им било судено долго да останат во брак, бидејќи парот ја заврши постапката за развод после единаесет месеци.
Втората најсериозна врска во животот му е онаа со руската убавица Ирина Шајк, која му роди ќерка. Заедно се од 2015 година. Бившата сопруга, пак, се премажи за британски модел и пак се разведе две години подоцна.
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





