Славни парови кои се венчаа пред десет години - колку од нив се уште заедно?
Роџер Федерер и Мирка Вавринец
Рекордерот во освоени грендслем титули и некогашната тенисерка првпат се виделе на Олимписките игри во Сиднеј, одржани во 2000 година. Роџер Федерер и Мирка Вавринец беа љубовна двојка цели девет години, пред и официјално да станат сопружници. Се земаа на 11.04.2009. Истата година, тие станаа родители на близначки. А, во 2014 година, на свет пристигна уште еден пар близнаци – овојпат момчиња. Сопругата и понатаму е неговата најголема поддршка од трибините.
Ферги и Џош Духамел
Пејачката на групата The Black Eyed Peas и згодниот холивудски актер почнаа да се гледаат во 2004 година. По пет години во врска, популарниот ѕвезден пар направи свадба. Љубовта ја крунисаа со брак на 10.01.2009. Добија син во 2013 година, а на разочарување на фановите, Ферги објави дека се разделила од Џош Духамел во септември 2017 година. Неколку месеци покасно се разведоа.
Кевин Џонас и Даниел Делиса
Пејачот не спиел со ниту една девојка, додека не се ожени со сопругата. По двегодишна романтична врска, тие направија свадба во 2009 година. Кевин Џонас и Даниел Делиса си се заколнаа на вечна љубов на 19.12.2009. И оттогаш се неразделни. Парот има две ќерки. Првата им се роди во 2014 година, додека втората две години покасно.
Зои Дешанел и Бен Гибард
Актерката и музичарот се свршија во 2008 година, а венчаа наредната година. Зои Дешанел и Бен Гибард заполовија брачните води на 19.09.2009. Нивната љубов имаше краток рок на траење, па двојката се разведе по само две години. Глумицата оттогаш се премажи и стана мајка на две деца.
Хајди Монтаг и Спенсер Прат
Последната двојка на листата ги надмина дури и најоптимистичните очекувања. Никој не веруваше дека бракот помеѓу Хајди Монтаг и Спенсер Прат ќе потрае, кога двајцата „негативци“ одлучија да се земат за време на петтата сезона од шоуто „The Hills“. Тие се венчаа на 25.04.2009. Десет години подоцна, уште се заедно и се сакаат повеќе од кога и да е. Првото дете - момче го добија во 2017 година.
М. А. | Црнобело