7 трикови за позирање од познатите фотогенични дами
- Детали
- вторник, 27 ноември 2018
Кара Делевињ позира сериозно, дури намуртено, затоа што има тенки усни и не си ја сака насмевката, а си ги обожава очите и сака да ѝ се во фокусот. Што прави Кендал Џенер, а што Криси Тајген?
Некои познати дами како да се најдобри пријателки со камерата и на сите фотографии изгледаат прекрасно.
Трикови кои може да ги „украдете“ од нив за да изгледате совршено на фотографиите:
„Намуртени“ како Кара Делавињ
Насмевката секогаш не е вистинскиот избор. Ако усните се многу тенки или изгледаат асиметрично во насмевка може да ја расипат фотографијата. Плус, насмевката ги намалува очите.
Па, ако не ви се допаѓа вашата насмевка, позирајте сериозни со малку поткренати веѓи.
Дискретно насмевнати како Криси Тајген
Криси има дискретна насмевка, изгледа малку изненадено, усните ѝ се затворени, а веѓите подигнати. На тој начин челото не ѝ се брчка, а овалното лице изгледа малку поиздолжено.
Одлична опција за девојки со округло лице и дебели образи.
Странично позирање како Бијонсе
Речиси секоја жена има подобра страна од лицето, па со префрлање на косата на една страна и благо навалување на главата може да ја ставите „лошата“ страна во втор план, а да ја истакнете поубавата.
Позирање преку рамо како Џиџи Хадид
Вртењето назад со главата преку рамото е начин под идеален агол да ја акцентирате поубавата страна од вашето лице и да го нагласите вратот. Тука во фокус е и косата.
Направете гест како Риси Витерспун
Кога сакате да го тргнете фокусот од вашето лице тогаш направете некој гест со кој ќе покажете емоции. Подигнете ја раката на пример или фатете ја шапката.
Поставете ги рацете на телото како Кендал Џенер
Со поставувањето на рацете на различна висина на вашето тело ќе го сокриете непотребниот волумен, а ќе ја истакнете елеганцијата на вашето тело.
Прекрстете ги нозете како Алекса Чанг
Ова е најлесниот начин визуелно да отстраните неколку килограми и да си додадете сантиметри. Можете дури да стоите на страничниот дел од стапалата за посилен ефект.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





