Пријателка на Дијана откри што принцезата би сакала да им каже на Меган Маркл и Кејт Мидлтон
- Детали
- петок, 23 ноември 2018
Војвотката од Јорк вели дека принцезата Дијана ѝ била неверојатно блиска пријателка и дека само таа знаела да ја насмее до солзи.
Сара Фергусон, Војвотката од Јорк и мајка на принцезите Беатрис и Јуџин, била блиска пријателка со принцезата Дијана. Тие биле екстремно поврзани и минувале многу време заедно.
Сара не говори често за неа, но во едно неодамнешно интервју за „Good Morning Britain“изјави дека Дијана би била горда да види во какви мажи нејзините синови израснале, како и на тоа какви жени одлучиле да земат за сопруги.
„Таа ќе беше навистина горда. Дури и пред да се оженат сигурно ќе велеше - не можам да верувам колку добро им оди на моите момци“, изјави Сара со својот препознатлив шеговит тон.
„Многу од тоа е нејзина заслуга. Плус, таа би го обожавала секој миг од свадбите на нејзините синови.“
За Кејт Мидлтон и Меган Маркл, Сара вели дека Дијана би дала одобрување.
„Таа беше сочувствителна личност и искрено мислам дека би била горда на прекрасните Меган и Кејт и дека би сакала да ги прегрне и да им каже „Добро ви оди!“.
„Ми недостига Дијана, никој не знае да ме насмее подобро од неа. Беше многу забавна“, додаде на крај Сара.
Војвотката од Јорк не беше присутна на свадбата на Кејт и Вилијам, но беше на онаа на Хари и Меган. Наводно токму Хари инсистирал Сара да биде ставена на листата на гости.
С. С. | Црнобело