Дрога, бисексуалност, бебе на пат - што прави братот на Ник Картер од „Backstreet Boys“ денес?
- Детали
- среда, 21 ноември 2018
Се сеќавате ли на русокосиот заводник од тин атракцијата „Backstreet Boys“ Ник Картер (38), кој имаше подеднакво заводлив брат?
Неговиот брат, пејачот Арон Картер, сега има 30 и го очекува првото дете со својата девојка Лина Валентина.
„Јас сум на толку прекрасно место ментално, физички и емоционално. Конечно го купив мојот прв дом, наскоро ќе ја запросам мојата девојка и го очекуваме првото дете“, објави тој на социјалните мрежи.
Инаку, Арон е активен на музички план, но се бори со зависноста од дрога, иако тој во последно време се обидува да ја избегне темата кога некои од фановите ќе го запрашаат. Многу пати беше апсен досега и постојано е дел од некакви скандали.
Пред некое време ослабе драстично и јавно говореше дека стравува за своето здравје. Имаше дури гласини дека има СИДА, но тој на крај губењето на килограми го припиша на стресниот начин на живот.
За Валентина вели дека конечно ја пронашол љубовта на својот живот и дека таа го разбира и сака како ниту една жена претходно. Поранешниот тин идол во 2017 година објави дека е бисексуалец, a потоа посочи дека погрешно биле разбрани неговите зборови.
На почетокот од 2018 го објави својот 5-ти музички албум „Love“, кој e негов прв албум по цели 16 години пауза.
Како изгледа денес Арон Картер, заедно со неговата сакана:
С. С. | Црнобело