Познати фаци чии први занимања се изненадувачки
- Детали
- недела, 18 ноември 2018
Која омилена холивудска актерка порано била курир во Њујорк? Кого во минатото го маскирале во банана за да промовира смути? Кому дури и продавањето пенкала му послужило како инспирација за глума?
Денес тие се богати и славни. Од модните писти и филмските платна, па до црвените килими и спектакуларните настапи, ѕвездите оддаваат впечаток на луѓе кои се родени за на сцена. А, некогаш работеле на позиции каде е навистина тешко да ги замислите.
На патот до Холивуд, дел од нив играле во костим на кокошка, собирале бубачки од новогодишни елки, или, пак, чистеле прашина во фабрики.
Ова се познатите фаци чии први занимања се изненадувачки:
Тејлор Свифт
Поп ѕвездата во сегашноста ниже хит до хит. Во минатото, пак, Тејлор Свифт работела на фарма, каде нејзиното семејство одгледувало божиќни дрвца. Бидејќи била премлада да ги сече, татко ѝ ја ангажирал да ги проверува и чисти елките од бубачки.
Џони Деп
Славниот глумец некогаш продавал пенкала преку телефон. Џони Деп сакал да ги практикува актерските вештини во комуникација со муштериите, па неретко измислувал лажни идентитети за себеси.
Меган Маркл
Денес е член на британската монархија. Претходно беше релативно позната глумица. А, пред сета слава и богатство, сопругата на принцот Хари се занимавала со калиграфија. Со дарбата за краснопис, Меган Маркл пишувала покани за свадби и други настани, а држела и часови за калиграфија. Интересен е податокот дека таа ги има напишано поканите за венчавката на пејачот Робин Тик во 2005 година.
Том Круз
Еден од најславните глумци на денешницата, некое време имал желба да стане католички свештеник. А, првото занимање на Том Круз било како носач на куфери.
Џенифер Анистон
Пред да ја добие улогата на Рејчел во култната серија „Friends“, холивудската миленичка доставувала курирски пратки со велосипед низ Њујорк. Џенифер Анистон имала 19 години во овој период.
Метју Меконахи
Иако убивањето животни воопшто не звучи како пријатна задача, токму ова била првата работа што оскаровецот ја добил на имот во Тексас. Метју Меконахи имал задолжение да ги застрела оклопниците што ја јаделе тревата.