Познати фаци чии први занимања се изненадувачки
Рејчел Мекадамс
Ѕвездата на филмот „The Notebook“, кариерата ја почнала во индустријата за брза храна. Заедно со братот и сестрата, Рејчел Мекадамс три години работела во McDonald's, помагајќи му на семејството со плаќањето на сметките. На шеснаесетгодишна возраст, таа нашла и втора работа, во детски театар.
Ештон Кучер
За да се издржува себеси во факултетските денови, популарниот актер собирал прашина од житарки во фабрика за прехранбени производи. Eштон Кучер бил работник во General Mills.
Гвен Стефани
Пред да стане пејачка и кантавторка, таа примала нарачки за сладолед. Ова ѝ била првата работа во животот на Гвен Стефани, која оттогаш изоде навистина долг пат до успехот.
Канје Вест
Доколку сте верен фан на раперот, можеби сте приметиле дека стиховите на песната „Spaceship“, посветени се на искуството како продавач во бутик на Gap. Во интервју за магазинот Paper, Канје Вест истакна дека не му се допаѓала работата, бидејќи не добил доволно часови за да го искористи попустот за вработени.
Меган Фокс
Убавата глумица не се срами да признае дека порано се облекувала како банана. Меган Фокс работела како промотерка на продавница за смути од тропско овошје, па ваквиот костим ѝ бил задолжителна униформа секоја недела.
Бред Пит
Ако некој може да сочувствува со колешката, тоа дефинитивно е Бред Пит. Пред да се пробие во Холивуд, глумецот работел во ресторанот за пилешко El Pollo Loco. Поточно, костимиран во кокошка, стоел како маскота надвор и им мавтал на минувачите, обидувајќи се да ги примами внатре.
Синди Крафорд
Иконската манекенка, пак, чистела пченки во родниот град. Тогашната плата на Синди Крафорд изнесувала скромни 4 американски долари за час.
М. А. | Црнобело