Зошто Џастин Бибер привремено се повлекува од музичката сцена?

„Со години сите како да се обидуваат да земат дел од него. Џастин Бибер има исполнет живот, но се чувствува празно.“

zoshto-justin-bieber-privremeno-se-povlekuva-od-muzichkata-scena-01.jpg

Наскоро нема да гледаме нови работи од Џастина Бибер на поле музика. Поп пејачот е презаситен од сите тие обврски, има потреба да мине време со неговата сопруга Хејли Болдвин и да сфати што сака следно.

zoshto-justin-bieber-privremeno-se-povlekuva-od-muzichkata-scena-03.jpg

„Тој е среќен и задоволен. Вљубен е во Хејли. Таа го охрабрува да ги прави работите што ги сака и го мотивира на патот до себеоткривањето“, изјави извор близок до парот.

zoshto-justin-bieber-privremeno-se-povlekuva-od-muzichkata-scena-05.jpg

Бибер (24) и Хејли (21), кои се венчаа на тајна церемонија во септември, не се срамат да ги покажат емоциите еден за друг во јавноста. Фотографите постојано ги ловат како се држат за раце, се бакнуваат и прегрнуваат.

zoshto-justin-bieber-privremeno-se-povlekuva-od-muzichkata-scena-02.jpg

Но, оваа година немаше само среќни мигови за Џастин. Пејачот во неколку пригоди беше фотографиран со солзи во очите  и неговите блиски велат дека иако неговиот живот е исполнет со работи за кои треба да биде благодарен, тој се чувствува празно однатре.

zoshto-justin-bieber-privremeno-se-povlekuva-od-muzichkata-scena-04.jpg

„Му пречи кога луѓето постојано го прашуваат кога ќе се врати во студио или ќе оди на турнеја. Работеше интензивно со години и на првата позначајна пауза што одлучи да ја земе, сите му вршат притисок. За Џастин ова не се само прашања, туку барања и тоа го нервира. Со години сите како да се обидуваат да земат дел од него.

Тој на моменти размислува дека не е само музиката, дека можеби постојат и други работи кои треба да ги прави. Навистина сака да го направи светот подобро место  и е свесен дека некои од неговите претходни избори не придонесоа за тоа. Затоа работи на тоа и навистина треба да добие аплауз. Тоа е зрел потег“, вели изворот.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...
Детали од животот на мајката на Џастин Бибер – Дознала дека е бремена откако пробала да се самоубие,... Мајката на Џастин Бибер имала само 18 години кога го родила пејачот. Мајка ѝ ја ...
Селена Гомез се фали со новиот дечко, откако бившиот Џастин Бибер откри дека ќе стане татко Раскинуваа, беа во врска со други, па пак се смирија, но тој ја остави засекогаш...
Џастин Бибер објави фотки на кои плаче - Проблеми во бракот со Хејли или влошено ментално здравје? Откако објави фотографии на коишто плаче, фановите почнаа да споделуваат свои те...
Џастин Бибер е мизерен со Хејли додека го очекуваат првото дете: „Очаен е, му ги троши парите и го к... „Хејли троши многу пари. Постојано патува со приватни авиони. Еднаш дури и отиде...
Се породи Хејли Бибер, Џастин го откри името: „Добредојде дома“ Џастин и Хејли Бибер станаа родители на момче – пејачот сподели слатка фотка од ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg