Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5 ѕвезди околу чија смрт до ден денес се шират мистерии и „теории на заговор“

Иако поминаа децении од нивната смрт, сепак тоа не ги спречува луѓето да копаат по минатото и да бараат детали кои ги толкуваат како мистерии, па дури и теории на заговор.

5-dzvezdi-okolu-cija-smrt-do-den-denes-se-sirat-misterii-i-teorii-na-zagovor-001.jpg

Кога сомнежот ќе преовлада, на приказните за смртта на овие 5 ѕвезди им нема крај:

Мерилин Монро

Светот беше потресен со веста дека Мерилин Монро била пронајдена мртва во нејзиниот дом во Лос Анџелес на 36-годишна возраст. Причината? Преголема доза на барбитурати – лекови кои се користат за лечење на психичките процеси и функции.

Сепак, теориите тврдат дека нејзиното бурно љубовно минато со Џон Ф. Кенеди и неговиот брат, биле причина за нејзино убиство.

5-dzvezdi-okolu-cija-smrt-do-den-denes-se-sirat-misterii-i-teorii-na-zagovor-1.jpg

Тупак Шакур

Во 1996-та година, Тупак беше убиен во Лас Вегас, неколку дена по пукањето во возење насочено кон него.  Смртта на раперот е „отворен случај“ со години.

5-dzvezdi-okolu-cija-smrt-do-den-denes-se-sirat-misterii-i-teorii-na-zagovor-2.jpg

Принцезата Дијана

Помеѓу работите кои принцезата Дијана ги загуби по разводот од принцот Чарлс, дефинитивно беа и мирот и спокојот. Ретко кој верува дека автомобилската несреќа била навистина несреќа, но сите молчат.

Теориите на заговор одат до таму што тврдат дека смртта на Дијана е последица на тоа што не сакала да „испари“ од јавноста по заминувањето на кралското семејство.

5-dzvezdi-okolu-cija-smrt-do-den-denes-se-sirat-misterii-i-teorii-na-zagovor-3.jpg

Британи Марфи

Актерката почина во 2009-та година по неколку дена болест со слични симптоми како грип. Иако нејзината смрт се водеше како несреќен случај, нејзиниот сопруг стана сомничав поради околностите.

Таткото на актерката во неколку наврати тврдеше дека во нејзиното тело биле најдени отрови, но полицијата не сакала одново да го истражува случајот.

5-dzvezdi-okolu-cija-smrt-do-den-denes-se-sirat-misterii-i-teorii-na-zagovor-4.jpg

Натали Вуд

На 29-ти ноември 1981-ва година, филмската ѕвезда Натали Вуд беше пријавена за исчезната, додека била на патување со брод со нејзиниот сопруг. Било пријавено дека под големо дејство на алкохол – таа исчезнала.

Неколку часа подоцна нејзиното тело било пронајдено во вода, па случајот бил прогласен за несреќа. Но, модринките по телото кажувале друга приказна.

Сепак, недостатокот на докази, го оставил овој случај без осомничени лица и шанси за било какво обвинение.

5-dzvezdi-okolu-cija-smrt-do-den-denes-se-sirat-misterii-i-teorii-na-zagovor-5.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Гатачка предвидела дека ќе се удави, сопругот е главен осомничен – Мистериозната смрт на актерката Н... По животот исполнет со трауми, вклучувајќи и силување, Натали Вуд трагично загин...
Ен Никол Смит, Елвис Присли: Славни личности кои имале досие во ФБИ (и зошто) Од ФБИ мислеле дека Ен Никол Смит сакала да го убие синот на нејзиниот сопруг ми...
Сантиметрите не се важни за љубов - Славни жени кои се повисоки од своите партнери Зендеја, Камерон Дијаз, Никол Кидман - овие дами се доказ дека висината не е сек...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
Нови детали за трагичната смрт на Наја Ривера, која се удави - Син ѝ сакал да ја спаси со јаже, и де... „Џоси, кој тогаш имаше 4 години, постојано повторува дека на бродот имало јаже, ...
Љубовни врски на познатите кои завршија со трагедија И 15 години по смртта на сопругата, Лиам Нисон одбива да има врска со друга жена...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg