Луди забави со џуџиња кои носеле кокаин во чинии на главите - Саша Барон Коен (Борат) требало да го глуми Фреди Меркјури
- Детали
- сабота, 03 ноември 2018
Саша Барон Коен во интервју со Хауард Стерн објаснува како креативните разлики помеѓу него и членовите на бендот Queen довеле до напуштање на работата на филмот за Фреди Меркјури.
Имено, дошло до несогласување околу начинот на којшто Саша Барон Коен сакал да ги прикаже пикантните аспекти од животот на покојниот пејач на бендот.
„Има неверојатни приказни за Фреди Меркјури. Човекот бил див. Сакам да кажам, имал екстремен стил на живот. Има приказни за… мали луѓе со чинии со кокаин на главата, коишто шетале наоколу за време на некоја забава“, изјавува Коен на интервјуто.
Најпознатите цитати на Фреди го рефлектираат неговиот ексцентричен карактер.
Сепак, Коен вели дека разбира зошто останатите членови на бендот Queen сакале филм којшто ќе може да го гледаат и помлади, а и да го задржат позитивното мислење коешто го ужива легендарниот бенд.
Исто така, тој признава дека уште од почеток требало да очекува дека штом работи заедно со оригиналната постава на бендот, требало да биде подготвен дека ќе се појават креативни разлики со оглед на неговиот карактер.
Во текот на интервјуто Коен раскажува за еден разговор со бендот: „Еден член на бендот, нема да кажам кој, изјави „Ова е толку добар филм, бидејќи на средина на филмот се случува нешто неверојатно.“ Јас го прашав, „А што се случува на средина на филмот?“ Тој ми одговори, „Фреди умира“.
Коен очекувал дека ова значи дека филмот ќе има нелинеарен карактер, слично како „Палп Фикшн“, но набргу потоа дознал дека бендот сакал втората половина од филмот да се заснова на тоа како Queen продолжиле по смртта на Меркјури во 1991 година.
И покрај овој непријатен состанок, Коен продолжил да работи на филмот уште неколку години. Тој дури донел и неколку познати лица, како што се Питер Морган, Дејвид Финчер и Том Хупер, коишто сепак не се согласувале со бендот.
„Сепак на крај се сведе на тоа дека навистина се работи за креативни разлики“, вели Коен.
Оваа варијанта на филмот за Фреди Меркјури пропадна, а минатиот ноември беше ангажиран Ентони МекКартен за да напише ново сценарио, за филмот којшто доживеа премиера деновиве, со Реми Малек во главната улога.
Погледнете го уште еднаш трејлерот за Bohemian Rhapsody и подгответе се за в кино:
(О)Милена | Црнобело