Не сум скроен за во рајот, пеколот е многу подобро место - Најдобрите цитати на Фреди Меркјури

Роден како Фарок Булсара, неговото вистинско име можеби не ви значи ништо, но Фреди Меркјури дефинитивно е синоним за уникатен глас каков што нема да се повтори уште стотици години.

Najdobrite-citati-na-Fredi-Merkjuri-01.jpg

Водечкиот вокал на бендот Квин беше најпознат по својата екстравагантна сценска личност. Според него, харизмата е онаа којашто била пресудна за прославувањето на бендот.

Со вокален опсег од над 4 октави, ретко кој воопшто може да се доближи до талентот на Фреди. Но, дури и да има такви, кој може да ја поседува неговата појава, харизмата и умешноста на моментот кога тој се поврзува со публиката?

Опседнат со љубовта, вљубен во животот, во сите мали, но и прекрасни скапи нешта, непоправлив хедонист, што ни остави Фреди покрај величествената музика која ја создаваше?

Секако, неговите цитати. Прочитајте ги најдобрите цитати на Фреди Меркјури кои ги изјавил за време на интервјуата или ги преточил во безвременските хитови:

 1. Јас нема да бидам рок ѕвезда. Јас ќе бидам легенда.

 2. Концертот не е изведба во живо на вашиот музички албум. Тоа е театралност! Настан.

 3. Отсекогаш знаев дека сум ѕвезда, а сега изгледа дека и остатокот од светот се согласува со мене.

 4. Што ќе правам после 20 години? Ќе бидам мртов, драга. Дали си нормална?

 5. Роден сум да ве сакам со секое отчукување на моето срце. Роден сум да се грижам за вас секој ден од мојот живот.

 6. Кога ќе бидам мртов сакам да бидам запаметен како музичар со некаква вредност и суштина.

 7. Безнадежен сум кога се работи за пари, едноставно трошам сè што имам.

 8. Колку поголемо, толку подобро, без разлика за што и да се работи.

 9. Шоуто мора да продолжи понатаму.

10. Премногу љубов ќе те убие, секој пат.

11. Модерните слики се како жените, никогаш нема да уживаш во нив доколку се обидуваш да ги разбереш.

12. Ох, јас не сум скроен за во рајот. Не, не сакам да одам во рајот. Пеколот е многу подобро место. Помисли колку многу интересни луѓе ќе запознаеш таму.

13. Доколку е планирано, досадно е. Досадата е најголемата болест во светот, душо.

14. Најважното нешто е да се живее спектакуларен живот. Сè додека е спектакуларен, не ми е важно колку долго ќе трае.

15. Опседнат сум со љубов, но зарем не се сите?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
10 цитати за менталното здравје (ќе ви дадат сила во мрачните мигови) „Запомни, даваш сè од себе, некои денови ќе бидеш супер продуктивен/а, некои ден...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg