Како денешните кралски бремености се разликуваат од оние во историјата?

Кралските традиции поврзани со бременоста на членките на кралското семејство не биле толку либерални како што се денешните, што важат за Кејт и Меган.

kako-deneshnite-kralski-bremenosti-se-razlikuvaat-od-onie-vo-istorijata-01.jpg

На пример, ниту Кејт мораше да го направи тоа, ниту пак Меган ќе мора да се пораѓа пред 200 сведоци за да докаже дека навистина е бремена и дека од нејзе ќе излезе млад член на кралското семејство.

Иако денеска кралските бремености не се нешто поразлични од оние на „обичните“ луѓе, сепак некои традиции останале и тие мора да бидат испочитувани. За среќа, некои бизарности од минатото се отфрлени.

Погледнете како членките на кралското семејство се однесувале во текот на бременоста и за време на породувањето, следејќи ги стиктните кралски правила:

Публика по протокол

Бремените членки на кралските семејства биле следени од придружнички одредени со кралскиот протокол насекаде. Меѓу придружничките имало бабици, надрилекарки и други „експерти“ во областа на бременоста и породувањето.

Самото породување било далеку од приватно. На пример, кога кралицата Марија Антоанета се породила во 1778 година во Версајската палата, во собата можел да влезе секој кој сакал да види до каде е и како оди раѓањето на кралското бебе.

kako-deneshnite-kralski-bremenosti-se-razlikuvaat-od-onie-vo-istorijata-02.jpg

Мени од путер, дуњи и калинки, метании и баења

Бремените кралици, принцези и војвотки следеле строги правила и кога е во прашање исхраната. Тоа го прават и Кејт и Меган, но поради медицински оправдани причини.

Сепак, во историјата, на трудниците им се сервирале путер, дуњи и калинки за здрав плод и тие требало да се потрудат да не сонуваат лоши соништа, за да не го повредат фетусот. Средновековната алтернативна медицина вклучувала и баења и ритуали, а од тоа не биле поштедени ниту членките на кралските семејства.

Не биле дозволени никакви слики

Во просторијата каде се пораѓа членката на кралското семејство, во Франција не биле дозволени никакви слики со животни, птици и луѓе, ниту пак фотографии.

Супа и чај против страв

Бабиците верувале дека мајка под стрес го повредува своето бебе за време на породувањето. Токму затоа биле подготвувани најразлични супи, чаеви и напивки, од бизарни состојки, за да се смири стресот.

kako-deneshnite-kralski-bremenosti-se-razlikuvaat-od-onie-vo-istorijata-03.jpg

Каква е бременоста, таква е и судбината на таткото

Доколку на трудницата ѝ се лоши или има здравствени проблеми, се верувало дека тоа негативно влијае врз нејзиниот сопруг. Ако се случело бремената да го изгуби плодот, тоа значело дека на кралството му претстои ризик од распад.

Сомневање во лажни бремености

Некогаш, принцезите и кралиците се породувале пред сведоци, за да докажат дека навистина од нивните тела се раѓа нов живот. Денеска тоа не се случува, но озборувањата поврзани со Кејт Мидлтон и нејзиниот свеж изглед само неколку часа по породувањето, сè уште не престануваат.

Седење дома и чекање на бебето

При крајот на својата бременост, членките на кралското семејство биле задолжени да седат во иста соба и да го чекаат породувањето. Исто така имало и помошнички задолжени да седат заедно со трудницата, кои ги известувале лекарите и бабиците веднаш штом болките ќе започнат.

kako-deneshnite-kralski-bremenosti-se-razlikuvaat-od-onie-vo-istorijata-05.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кејт Мос (50) - пијана, Деми Мур (61) - без грам шминка: Фото докази дека и ѕвездите се само „обични... Кети Пери се шета во тренерки, бившиот на Џенифер Анистон си пие вино со новата ...
Кејт Мидлтон: „Конечно завршив со хемотерапија по 9 тешки месеци, ракот е страшно патување“ „Како што се наближува крајот на летото не можам, а да не ви кажам какво олеснув...
„Сакаше да биде принцеза, а денес рекламира кафе“ – Дали Меган Маркл беше во заблуда за тоа како ќе ... „Некогаш ја претставуваше кралицата, а сега пакува кафе. Леле на кое ниво паднал...
Била опседната со бившиот дечко, имала навредлив прекар – Помалку познати факти за Кејт Мидлтон Била бунтовна девојка која им го покажала голиот задник на колегите на факултет ...
Меган Фокс првпат искрена за пластичните операции: „Трипати ги зголемив градите, сакам и поголем зад... „Првата операција ја направив на 21 или 22 години. Повторно направив операција к...
Кејт Мидлтон на роденденската парада на кралот Чарлс - Принцот Луи танцува од радост (видео+фото) Принцот Луи танцува од радост, додека принцот Џорџ и принцезата шарлот мирно сто...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg