Три модни трикови со кои Меган Маркл ја прикриваше бременоста изминатиов период
- Детали
- вторник, 16 октомври 2018
Принцот Хари и Меган Маркл никогаш не криеја дека сакаат да го прошират семејството што поскоро. Изминативе денови стигна и потврдата за она во кое јавноста извесно време се сомневаше - Меган е бремена.
Со оглед на тоа што крајниот термин е напролет, војвотката во моментов сигурно ги поминала првите три месеци.
Иако кај различни жени стомакот почнува да се познава во различни периоди од бременоста, стилот на облекување на Меган Маркл веќе извесно време предизвикуваше шпекулации дека очекува бебе.
Еден од најчестите трикови кои ги користеше, Меган го научила од нејзината јатрва Кејт.
Заклучно со последното појавување во јавноста, на свадбата на принцезата Јуџин, таа носеше препознатлив капут-фустан, во кој често ја гледавме и Кејт Мидлтон.
Претходно во септември, Меган се појави со асиметрична пеплум блуза која има набори токму околу стомакот. И овој стил предизвика озборувања дека таа е бремена.
И третиот трик, што го примени кога всушност и првпат се слушнаа гласините на бременоста, е синиот фустан на Џејсон Ву.
Се работи за дизајн со надолжно поставени карнери во предниот дел, кој успешно ги подели мислењата на јавноста околу состојбата на војвотката од Сасекс.
Она што модните критичари го очекуваат е дали и Меган ќе развие препознатлив труднички стил, како што направи претходно Кејт Мидлтон.
Е. Д. | Црнобело