Ѕвезди со мајки тинејџери: Селена Гомез - мајка ѝ ја родила на 16, Џек Николсон - мајка си ја сметал за сестра
- Детали
- вторник, 09 октомври 2018
Мајката на 50 Cent го родила на 15 години и музичарот никогаш не дознал кој му е татко, а баба му го одгледала. Мајка му била убиена на 23 години.
Раѓањето на дете е благослов, но и тест на издржливост. Ова особено важи ако сте во тинејџерските години кога станувате мајка.
Кои познати личности имале мајки тинејџерки:
Селена Гомез
Мајка ѝ ја родила на 16 години, семејството живеело скромно и биле задоволни кога имале шпагети на трпезата.
Селена имала 5 години кога се развеле нејзините родители, а таа останала со мајка ѝ, која работела 3 работи за да ѝ обезбеди добар живот.
Џастин Бибер
Мајка му го родила на 18 години. Нејзиното тогашно момче се обидувало да ја убеди на абортус, но таа одбила и го одгледала Џастин со помош од своите родители.
Таа сакала да биде актерка, но не успеала и затоа напорно работела на промовирање на музичкиот талент на својот син.
50 Cent
Мајка му го родила на 15 години и музичарот никогаш не дознал кој му е татко, а баба му го одгледала.
Мајка му постојано била отсутна од дома, продавала дрога и го опсипувала со подароци за да се искупи за отсуството. На 23 години била убиена, а убиецот никогаш не бил откриен.
Еминем
Неговите родители биле членови на бенд, а мајка му го родила на 17-годишна возраст. Се разделиле наскоро по раѓањето на Еминем, а мајка му постојано се селела од место на место.
Еминем имал лош однос со неа и за тоа говореше и во неговите стихови, но подоцна и се извини и ѝ кажа дека ја сака.
Ерик Клептон
Мајка му го родила на 16 години од канадски војник кој служел во Велика Британија и по завршувањето на воениот рок се вратил кај својата сопруга. За да го избегнат срамот нејзините родители го одгледале како свое дете Ерик и до 9-годишна возраст тој сметал дека неговата мајка му е сестра.
Пред Ерик да ја дознае вистината таа се омажила и заминала за Германија, а него го оставила во Велика Британија со нејзините родители. Дури и кога ја дознал вистината, тој не ја гледал како своја мајка.
Џек Николсон
Мајка му го родила на 18-годишна возраст, а, како и Ерик Клептон, Џек Николсон го одгледале баба му и дедо му. Бременоста била во тајност и сите мислеле дека мајка му му е сестра.
Актерот ја дознал вистината дури на 36 години и тоа од страна на еден новинар, но во тоа време и неговата мајка и неговата баба биле починати. Вистината ја потврдила неговата тетка.
С. С. | Црнобело