Како изгледа работата на кралскиот фотограф + неговата омилена фотка од принцот Хари и Меган Маркл

Повеќе од 10 години деновите ги минува со кралското семејство, па не е ниту чудно што го сметаат за неофицијален член.

kako-izgleda-rabotata-na-kralskiot-fotograf-negovata-omilena-fotka-od-princot-hari-i-megan-markl-01.jpg

Името Крис Џексон можеби не ви е познато, но тој на некој начин е неофицијален член на британското кралско семејство.

Повеќе од 10 години работи како фотограф на кралското семејство и е одговорен за некои од нивните најиконски фотографии, како што се првите фотки од свршувачката на принцот Хари и Меган Маркл.

„Принцот Хари со години го фотoграфирав како соло кралски припадник и одлично е што сега ловам моменти кога е заедно со Војвотката од Сасекс. Тие двајца очигледно имаат слични страсти во животот и затоа се толку релаксирани и среќни заедно. Инаку, омилена фотографија ми е таа од нивната посета на Сасекс, каде се гледа убава љубовна конекција помеѓу нив преку држењето за рака, смеењето и позитивната енергија со која зрачат“, изјави Крис.

kako-izgleda-rabotata-na-kralskiot-fotograf-negovata-omilena-fotka-od-princot-hari-i-megan-markl-03.jpg

Инаку тој патува на сите кралски тури и вели дека Меган неверојатно брзо се вклопила.

„Војвотката од Сасекс му даде некоја нова интересна динамика на кралското семејство. Уште од нејзиното прво официјално појавување таа е релаксирана и природна пред камерата. Се гледа дека е самоуверена поради нејзините претходни интеракции со камерата. На сите настани одвојува колку што е можно повеќе време за да разговара со луѓето околу неа и, се разбира, за мене како кралски фотограф е возбудливо да ги ловам овие интересни моменти.“

kako-izgleda-rabotata-na-kralskiot-fotograf-negovata-omilena-fotka-od-princot-hari-i-megan-markl-04.jpg

Крис вели дека најмногу сака фотографии на кои се нагласени семејните врски и кои потсетуваат кои кралски члнови се браќа, кои се мајка и син, кои се сестра и брат итн.

На пример тој ја обожава фотографијата на која Меган Маркл и Камила се смеат, додека Хари држи говор. Вели дека ова му е еден од омилените спонтани мигови уловени на камера.

kako-izgleda-rabotata-na-kralskiot-fotograf-negovata-omilena-fotka-od-princot-hari-i-megan-markl-06.jpg

Во книгата „Modern Monarchy“ ќе има дел од најомилените фотки на Крис.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Сакаше да биде принцеза, а денес рекламира кафе“ – Дали Меган Маркл беше во заблуда за тоа како ќе ... „Некогаш ја претставуваше кралицата, а сега пакува кафе. Леле на кое ниво паднал...
Хари беше претставен како зависник и нацист, а Вилијам беше златниот принц – Што ѝ претходеше на кав... Иако многумина ја обвинуваат Меган Маркл за влошените односи меѓу Вилијам и Хари...
Меган Фокс првпат искрена за пластичните операции: „Трипати ги зголемив градите, сакам и поголем зад... „Првата операција ја направив на 21 или 22 години. Повторно направив операција к...
Најзгодниот пар доби дете: Дејвид Гета сподели фотка со синчето и 24 години помладата девојка Кон крајот на минатата година, среде шпекулациите дека се разделиле, Дејвид Гета...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Признанието за неверство на Дејвид Бекам, спуштените пантолони на Канје – Настани во шоу бизнисот шт... Двете бебиња на Парис Хилтон, разделбата на Меган Фокс и Машин Ган Кели, неплани...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg