Болниот начин на кој принцезата Дијана дознала за аферата на Чарлс и Камила пред свадбата
- Детали
- вторник, 02 октомври 2018
Принцезата Дијана ја имаше љубовта од луѓето низ целиот свет, но не и срцето на нејзиниот сопруг Чарлс.
Принцезата Дијана, починатата мајка на принцовите Вилијам и Хари, во разговорите со кралскиот биограф Ендру Мортон откри многу интимни детали од својот живот. Таа со него дури разговараше и за начинот на кој ја открила аферата на нејзиниот сопруг принцот Чарлс со Камила Паркер.
Само неколку седмици пред свадбата Дијана дознала дека Камила сè уште зазема специјално место во срцето на Чарлс.
Во канцеларијата на еден од најлојалните вработени на нејзиниот иден сопруг таа открила алка на која ги имало изгравирано буквите „G“ и „F“, кои биле првите букви од прекарите што Чарлс и Камила си ги имале дадено еден на друг - Gladys и Fred (Гледис и Фред). Потоа Камила била забележана како ја носи таа алка во многу пригоди.
Во 1997 година кога Дијана зборуваше за нејзиното откритие направено пред 17 години откри дека била премногу незрела за да разбере дека тоа било сериозна најава за тоа што допрва следува.
По откритието бесна му се обратила на Чарлс зошто не може да биде искрен со неа, а тој само ја игнорирал и уште тогаш го осудил бракот на пропаст и покажал дека не планира да работи на него.
Инаку, Чарлс и Камила се состанувале во 1971 година, но се разделиле кога Чарлс се придружил на кралската морнарица. Камила се омажила за друг во 1973 година и се развела во 1995 година, една година пред разводот на Чарлс и Дијана.
Чарлс и Камила се венчаа во 2005 година.
С. С. | Црнобело