Иако не се поднесувале, постои причина зошто принцот Филип одеше зад ковчегот на Дијана

Во прв момент не било предвидено принцот Филип да биде во првиот ред на поворката, веднаш зад возилото со посмртните останки на починатата Дијана.

iako-ne-se-podnesuvale-postoi-prichina-zoshto-princot-filip-odeshe-zad-kovchegot-na-dijana-01.jpg

Откако светот дозна за трагичната смрт на обожаваната принцеза, иако веќе не беа во брак, се очекуваше дека таа ќе добие погреб со кралски почести.

Најпрво било предвидено зад возилото со ковчегот да одат принцот Чарлс, нејзините синови Вилијам и Хари и брат ѝ Ерл Спенсер. Многумина во тоа време беа изненадени што и принцот Филип беше на чело на поворката, иако тој и Дијана не негуваа симпатии еден кон друг.

iako-ne-se-podnesuvale-postoi-prichina-zoshto-princot-filip-odeshe-zad-kovchegot-na-dijana-02.jpg

Причината зошто тој се нашол таму е откриена во книгата „My Husband And I: The Inside Story of the Royal Marriage“ на Ингрид Сувард. Ерл Спенсер верувал дека тој треба да биде единствениот кој ќе ја води поворката, со оглед на тоа што Дијана веќе не била во брак со принцот Чарлс, но кралското семејство ја отфрлило таа идеја.

Во книгата се открива и дека Ерл и Чарлс се скарале пред погребот, но правилата биле јасни - принцот Чарлс заедно со синовите Вилијам и Хари ќе бидат на чело на поворката, без оглед на тоа што семејството на Дијана чувствува кон нив приватно.

Но, како се случи принцот Филип да се најде таму?

iako-ne-se-podnesuvale-postoi-prichina-zoshto-princot-filip-odeshe-zad-kovchegot-na-dijana-03.jpg

Принцот Вилијам демонстративно одбил да биде предводник на поворката, доколку до него не биде неговиот дедо. Иако принцот Чарлс се спротивставил во прв момент, принцот Филип ја смирил ситуацијата со своето согласување да биде веднаш до својот сакан внук, со кој и до денеска се многу блиски.

Нивниот однос не се променил дури ни кога принцот Филип и принцезата Дијана биле во најлоши односи. На Вилијам му била потребна поддршката од членот на семејството на кој најмногу му верува и со кој е најблизок, за да може да го издржи она што и денеска го нарекува најтешко нешто што морал да го направи во животот.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Му рекле дека умира од рак, се ожени за 38 години помлада жена – Каде е и што прави денес Долф Лундг... Во 2021-ва година му рекле дека има само уште неколку години живот, но благодаре...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
Николас Кејџ никогаш посреќен со 31 годинa помладата сопруга + детали за 4-те пропаднати бракови на ... Иако е во брак со 31 година помлада жена, ова не е најскандалозниот брак на Нико...
Сопругот на Серена Вилијамс емотивен по операцијата за рак на тироида: „Мажи, одете на преглед, особ... „Мајка ми имаше рак на дојка кога беше на моја возраст, а потоа почина од рак на...
Беше со џуџест раст, почина на 20 години: Краткиот, но исполнет живот на актерот од „How the Grinch ... Актерот кој ја глуми 8-годишната верзија на Гринч имал 17 години кога се снимал ...
Меколи Калкин откри сладок семеен момент: „Син ми мисли дека тој е Кевин од Home Alone“ „Тој мисли дека е Кевин. Го прашувам – се сеќаваш ли дека си се лизгал по скалит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg