Бикини во боја на вино и насмевка на лицето: Елена Ристеска ужива на Миконос (фото)
- Детали
- петок, 10 август 2018
Од одлични ноќни клубови до рајски плажи, овој остров е совршена комбинација за незаборавен летен одмор.
Миконос, познат и како грчката Ибица, е место кое привлекува светски познати личности како Линдзи Лохан, Кендал Џенер и Расел Кроу. На магијата на овој остров годинава не ѝ одолеа и нашата Елена Ристеска.
Со група пријатели македонската пејачка одлучи летово да се релаксира и забавува таму.
Бикини во боја на вино, гладијаторски сандали, насмевка на лицето и забавата може да започне.
Дел од фотките од нејзиниот летен одмор:
Прочитајте и Каролина Гочева повторно на својата омилена летна дестинација Миконос!
С. С.| Црнобело