Каролина Гочева повторно на својата омилена летна дестинација Миконос (фото)
- Детали
- вторник, 10 јули 2018
Велат Миконос секогаш е добра идеја, а ова дефинитивно важи за Каролина Гочева. Таа одново и одново се враќа на грчкиот остров што ја маѓепса.
По низата концерти, Каролина Гочева минува релаксирачки денови и ноќи на нејзината омилена летна дестинација Миконос.
Нејзините летни одмори вклучуваат егзотични дестинации од типот на Мексико, но сепак Миконос како да ѝ е најголема љубов. Таа и минатата година го посети овој грчки остров со нејзиниот партнер Михаил Корубин, а годинава повторно одмора таму.
Оттаму прикачи фотографија на која позира со црн стајлинг од кој највпечатлив дел ѝ се црно-белите чевли.
Омилен дел на македонската поп дива од овој остров ѝ се бич баровите со одлична музика и забава, како и незаборавното зајдисонце.
Фотки од нејзиниот годинешен одмор на Миконос:
Фотки од нејзиниот одмор на Миконос во 2017 година:
С. С. | Црнобело