Најбрзите свршувачки во светот на славните (фото)
Ким Кардашијан и Крис Хамфрис
Само 3 месеци откако јавно ја промовираа врската, Хамфрис успеа да ја побара Ким за жена во 2011 година.
Бракот кој траеше само 72 дена стана предмет на потсмев кај многумина, а после сите детали кои излегоа во печатот и медиумите, Хамфрис го даде на аукција вереничкиот прстен на Ким кој се продаде за неверојатни 749 илјади долари во 2013 година.
Кејти Пери и Расел Бренд
Двојката се сврши 2 месеци по нивниот прв состанок. Бракот кој траеше 14 месеци заврши во 2012 година, а Кејти тохаш изјави дека актерот ѝ побарал развод преку смс порака.
Амал Аламудин и Џорџ Клуни
„Вечниот“ холивудски ерген конечно се скраси покрај прекрасната Амал, откако претходно ја побара жена во 2014 година, само 7 месеци откако за прв пат излегоа на состанок.
Среќниот пар ги има близнаците Александер и Ела и се навистина многу, многу среќни, како што сведочат и фотките.
Софија Вергара и Џо Манганиело
Тие беа двојка со стаж од околу 6 месеци, а потоа ја потврдија официјално својата свршувачка во декември 2014 година.
Ѕвездата на Magic Mike ја побарал преубавата актерка за жена за време на нивниот божиќен одмор на Хаваи.
Џенифер Лопез и Марк Ентони
Лопез ја откажа својата венчавка со Бен Афлек само неколку часа пред почетокот на церемонијата во 2004 година.
Таа се омажи со Марк Ентони само 4 месеци подоцна. Пејачот и актерот го имаше финализирано разводот со претходната сопруга Дајанара Торез само една недела пред свадбата со Џенифер.
Двојката се разведе во 2011 година, а заедно ги имаат близнаците Макс и Ема.
(О)Милена | Црнобело