Први фотки од Меган Маркл како пристигнува пред олтарот, каде ја чека принцот Хари (фото)
- Детали
- сабота, 19 мај 2018
Откако сите гости пристигнаа и милиони луѓе во живо ја следат кралската венчавка, Меган Маркл конечно се појави во совршено белата венчаница.
До влезот на Сент Џорџ капелата, Меган пристигна со кралски автомобил заедно со својата мајка. Тогаш за првпат камерите ја снимија со невестинскиот вел.
Принцот Хари и принцот Вилијам пристигнаа заедно, a 20-тина минути подоцна се појавија и нејзината мајка, кралицата Елизабета со принцот Филип.
На крајот, од автомобилот излезе и Меган, додека две мали момчиња ѝ го придржуваа предолгиот вел.
Meghan Markle looks SO beautiful—and the veil will take your breath away ❤️?❤️
Гостите ја дочекаа со голема возбуда, додека кралската невеста чекореше во совршено белата долга креација од Givenchy и велот кој се држеше на тијара.
На половина од патот кон олтарот ја пречека принцот Чарлс, а малите дечиња и деверици продолжија да одат зад нив.
Би можело да ве интересира:





