Зошто ја обожаваме: 5 чудни, но смешни факти за Блејк Лајвли
- Детали
- недела, 13 мај 2018
Го привлече вниманието со улогата на богатата Серина ван Дер Вудсен од популарната серија „Озборувачка“ (Gossip Girl).
Продуцентите на ТВ-серијата изјавиле дека сите парчиња што Блејк Лајвли ги носела на себе за време на снимањето на епизодите инстантно се продавале следното утро.
Денес зад себе има бројни сериозни улоги, успешен брак со Рајан Рејнолдс и две преслатки ќеркички. 30-годишната Блејк Лајвли дотурка многу подалеку од фиктивната Серина, а ова се 5 чудни, но смешни детали од нејзиниот живот:
Првиот бакнеж го имала на 16 години на филмското платно
„Имав само 16 години, а камерата беше вклучена. Мојот прв бакнеж се случи на филмски сет. Бев преплашена“, тврди занесната русокоса.
Нејзината симпатија во детството бил Дејвид Летерман
„Имаше иста смисла за хумор како и татко ми. Онаа сурова смисла за хумор“, објаснува Блејк.
Чуден избор за симпатија во детството, нели?
Нејзиното прво куче го носело името „405“
„Го крстивме според истоимениот автопат во Лос Анџелес. Го најдоа на автопатот „405“.
Сосема логично име за куче, зарем не е така?
Рајан Рејнолдс ѝ ја пуштил „Let’s Get It On“ додека се породувала
„Докторот се смееше толку силно што мислев дека ќе го испушти бебето од рацете“. Интересен музички избор за породување, кому би му текнало на Марвин Геј?
Таа е природна русокоса
Ова и не доаѓа како некое огромно изненадување. Блејк е природна русокоса, иако повремено ја менува бојата на косата со потемни кафени и карамел тонови.
Како и да е, секогаш изгледа прекрасно, во тоа може да се согласиме сите.
(О)Милена | Црнобело