Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Колку ќе чини свадбата на принцот Хари и Меган Маркл и каде ќе живеат потоа?

Нивната свадба се очекува да влезе во историјата како една од топ 10-те најскапи свадби на сите времиња.

kolku-kje-chini-svadbata-na-princot-hari-i-megan-markl-i-kade-kje-ziveat-potoa-01.jpg

Дури и во Македонија кога ќе одлучите да направите мала свадба, сумата испаѓа и не така мала. Замислете каква е ситуацијата кога во Велика Британија ќе одлучите да направите голема свадба, поточно кралска свадба.

На 19-ти мај ќе се случи една од најочекуваните свадби на светот. Принцот Хари и Меган Маркл ќе си ветат љубов до крајот на животот.

Ова ќе биде најголемата свадба на годината и според компанијата за планирање свадби Bridebook ќе чини вртоглави 32 милиони фунти, односно малку повеќе од 36 милиони евра.

kolku-kje-chini-svadbata-na-princot-hari-i-megan-markl-i-kade-kje-ziveat-potoa-02.jpeg

Тука се сите трошоци како: храна, цвеќе, пијалак, покани, облека, музика, обезбедување, меден месец итн.

Се предвидува дека свадбата на Хари и Меган ќе влезе во топ 10-те најскапи свадби на сите времиња. Но, се очекува дека оваа историска свадба ќе има огромно позитивно влијание брз туризмот во Велика Британија.

Инаку, се претпоставува дека по свадбата парот ќе се всели во Апартманот 1, во склоп на Кензингтонската палата, кој има 21 спална соба.

kolku-kje-chini-svadbata-na-princot-hari-i-megan-markl-i-kade-kje-ziveat-potoa-03.jpg

Слична транзиција направи и принцот Вилијам по свадбата со Кејт Мидлтон, кога се всели во Апартманот 1А, кој има 20 спални соби.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс – Богати личности кои живеат во (релативно) скромни домови, и покрај м... Милијардерот Ворен Бафет е еден од најбогатите луѓе во светот и иако поседува мн...
Меган Фокс првпат искрена за пластичните операции: „Трипати ги зголемив градите, сакам и поголем зад... „Првата операција ја направив на 21 или 22 години. Повторно направив операција к...
Хари беше претставен како зависник и нацист, а Вилијам беше златниот принц – Што ѝ претходеше на кав... Иако многумина ја обвинуваат Меган Маркл за влошените односи меѓу Вилијам и Хари...
Платил над 30 милиони за да се разведе од сопругата за 65 секунди - Како Мистер Бин ги троши милиони... За него велат дека е човек кого разводот скапо го чинел. Разводот му траел само ...
„Засрами се“ - Мадона (66) стана мета на критики затоа што јадеше супа топлес Разголени фотографии на Мадона предизвика лавина од реакции.... „Однесувај се во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg