Милијардерот Илон Маск „си фати“ ексцентрична девојка со готски стил (фото)
- Детали
- четврток, 10 мај 2018
Нејзината мрачна страна е возбудлива за ексцентричниот милијардер. Тие се појавија заедно на балот Мет Гала.
Милијардерот Илон Маск (46) има нова девојка, 30-годишната канадска музичарка Grimes, чие целосно име е Claire Elise Boucher.
Изведувачката има готски стил и низа контроверзни песни. Од нив Илон како свои омилени ги издвојува: Flesh Without Blood и Kill V. Maim.
Парот своето прво јавно појавување заедно го направи на балот Мет Гала. На појавувањето Grimes беше во својот препознатлив готски стил, но највпечатливо е што на вратот носеше чокер со дизајн како логото на Tesla, една од компаниите што ги води Илон.
Оваа спојка вчудовиди многумина, но кога ќе размислите добро и двајцата се ексцентрични иноватори на полето на кое работат и се одгледани од канадски мајки.
Илон со шеговити објави на социјалните мрежи ја споредува својата сакана со црна мачка.
https://www.instagram.com/p/BiSaVWQgjN7/?hl=en&taken-by=grimes
Милијардерот е татко на 5 деца, а последно романтично беше поврзуван со актерката Амбер Херд.
Во продолжение прочитајте неколку чудни факти за животот на Илон Маск.
Како изгледа новата девојка на Илон Маск:
С. С. | Црнобело