Првото интервју на Аријана Гранде по терористичкиот напад во Манчестер
- Детали
- петок, 04 мај 2018
Аријана Гранде се бореше да не заплаче во студиото на Џими Фелон, во првото интервју по терористичкиот напад во Манчестер.
24-годишната пејачка реши дека е време да продолжи со интервјуа, по инцидентот кој се случи за време на нејзин концерт, пред нешто помалку од година.
„Само сакав да ти се заблагодарам затоа што дојде во шоуто, што си силна, што и понатаму настапуваш и што се појави назад во Манчестер за да направиш хумано дело. Сметам дека тоа беше прекрасно од твоја страна. Мислам дека си многу силна... и многу кул,“ беше дел од воведот на Џими Фелон, на што Аријана низ солзи се заблагодари.
https://www.youtube.com/watch?v=i7IjiJes1x4
Гранде ја искористи приликата за да ја промовира својата нова песна No Tears Left To Cry, која ја изведе пред публиката во студиото.
https://www.youtube.com/watch?v=yJBMtkLtKHE
М. Д. | Црнобело