Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како говорот на телото ја открива љубовта на принцот Хари и Меган Маркл?

Меган Маркл е самоуверена и нема проблем со комуникацијата, а пак принцот Хари знае да биде срамежлив на моменти, тврдат експертите за говор на тело.

kako-govorot-na-teloto-ja-otkriva-ljubovta-na-princot-hari-i-megan-markl-04.jpg

Сите очи се вперени кон принцот Хари и Меган Маркл и се бројат денови до кралската свадба. Секој нивни потег будно се следи од јавноста, но и од експертите за говор на тело.

Експертот за говор на тело Дарен Стентон ја анализира кралската двојка и вели дека говорот на нивните тела вреска љубов и почит еден кон друг.

kako-govorot-na-teloto-ja-otkriva-ljubovta-na-princot-hari-i-megan-markl-01.jpg

„Кога луѓето се сложуваат добро како пријатели, колеги и романтични партнери, природно се случува т.н. процес на огледало и прилагодување помеѓу нив. Тоа е кога две личности започнуваат да прават исти пози, гестови и да практикуваат слично однесување. По тоа се гледа длабоката поврзаност помеѓу нив“, вели Стентон.

Од контактот на очите до начинот на кој се допираат сè говори за длабоката љубов која ја чувствуваат еден кон друг.

kako-govorot-na-teloto-ja-otkriva-ljubovta-na-princot-hari-i-megan-markl-03.jpg

Стетон вели дека Меган е особено добра во комуникација и многу посамоуверена од Хари, но сепак го погледнува Хари за да добие потврда откако ќе каже или ќе направи нешто.

О друга страна, принцот на моменти знае да ја гризе устата и со тоа да покаже сигнали на трема и нервоза.

kako-govorot-na-teloto-ja-otkriva-ljubovta-na-princot-hari-i-megan-markl-02.jpg

Сепак, двајцата заедно изгледаат неверојатно.

Подетална анализа на нивниот говор на тело тука!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
Селена Гомез, Кејт Винслет – Познати дами кои гордо ги носат несовршеностите и вишокот килограми Откако сите светски медиуми објавија дека Лејди Гага е бремена, таа излезе и им ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg