Француската прва дама Брижит Макрон откри што мисли за Меланија Трамп
- Детали
- вторник, 01 мај 2018
Неодамна Меланија и Доналд Трамп беа домаќини при посетата на францускиот претседател и неговата сопруга Брижит Макрон, па сега Макрон проговори за неа.
Во едно интервју за магазинот Le Monde француската прва дама Брижит Макрон проговори за Меланија Трамп. Таа откри што мисли за првата американска дама и за нејзиниот начин на живот.
„Меланија Трамп е навистина забавна, но таа не смее надвор. Меланија не смее да отвори дури ниту прозорец во Белата Куќа. Не смее да го извади носот надвор, додека јас, јас сум секој ден низ Париз“, изјави Макрон за францускиот магазин и откри дека е вчудовидена од строгиот начин на живот кој Меланија го води.
За време на неодамнешната средба двете први дами минаа одлични мигови заедно.
„Меланија е жена со силен карактер, но сака тоа да го сокрие. Може нешто да ја насмее многу лесно, но таа го покажува тоа многу помалку отколку јас. Кај неа сè е во некоја рамка“, вели Макрон.
Поранешната учителка Брижит вели дека таа не се сменила откако станала прва дама.
„Не се променив, ниту во мојата глава, ниту во начинот на кој живеам.“
С. С. | Црнобело