Кејт и Вилијам споделија кое име го одбрале за третото дете
- Детали
- петок, 27 април 2018
Кејт Мидлтон и принцот Вилијам пред 4 дена го добија нивното трето дете, а денес открија како ќе се вика.
Од Кенсингтонската палата има официјална Твитер објава на која го открија името на новиот принц.
Војводата и војвотката од Кембриџ со задоволство соопштуваат дека нивниот син го крстија Луи Артур Чарлс. Бебето ќе биде познато како „Неговото Височество Принцот Луи од Кембриџ.“ – напишаа на официјалниот профил.
https://twitter.com/KensingtonRoyal/status/989806400380555264
Кејт го покажа нивното синче на само неколку часа по породувањето, кога излезе од болница, на што мајките низ светот имаа бурни реакции и инспирирани од тоа покажаа како тие изгледаат неколку часа по породувањето.
Сепак, очигледно во кралската палата не се засегнати со ова, бидејќи имаат други работи кои им се поважни, како што е нивното синче, но и кралската свадба која се очекува во мај.
Британското кралско семејство деновиве навистина има на што да се радува, со оглед на тоа што на официјалниот профил на Кенсингтонската палата, вчера исто така беше објавено дека принцот Хари го побарал неговиот брат Вилијам за кум.
https://twitter.com/KensingtonRoyal/status/989436382404849664
М. М. | Црнобело