Зошто Кајли Џенер ја криеше бременоста?
- Детали
- четврток, 26 април 2018
Ријалити ѕвездата со месеци ја криеше убавата вест од фановите, но експертите тврдат дека тоа била вистинската одлука.
Кајли Џенер на 1-ви февруари објави на Инстаграм дека стана мајка на девојче, а до тој миг светот не знаеше за нејзината бременост.
Освен некои гласини, таа во ниту еден миг не откри дека очекува принова.
Зошто 20-годишната мајка ја криеше бременоста?
Да се води живот пред очите на јавноста, како што води Кајли Џенер, e навистина стресно, па веста за бременоста ќе ставеше дополнителен товар врз нејзините раменици затоа што јавноста ќе почнеше со осудите дека е премлада, дека не е во брак итн.
За да се заштити од сиот тој критицизам и осуда, таа одбра да молчи со месеци.
Rachel Waddilove, автор на книгата „The Baby Journal“ вели дека со тоа ријалити ѕвездата се заштитила и од притисоците каков начин на живот да води во бременоста, па потоа дали да дои, какви рутини да постави и низа други работи кои им прават огромен притисок на младите мајки.
„Живееме во време кога сè е јавно, дури и тоа дали вашето дете пиело чај. Лудо е. Но, кој и да сте имате право на приватност и ѝ симнувам капа на Кајли поради тоа. Познатите дами кога се трудни со појавувањата во медиумите имаат огромен товар како ќе се одвива бременоста и работите потоа.
Социјалните медиуми, иако имаат добра страна, тие се штетни ако не се користат правилно – ви го одземаат правото на слободен избор. Опасно е и стресно, да слушате критики, особено ако сте млада мајка“, вели таа и додава дека Кајли е во фокусот на таблоидите и најдобрата одлука што можела да ја донесе е да ја крие бременоста.
Кајли и самата изјави дека немало голема платена објава на бременоста, туку едноставно не ја кажала веста за бебето да не го почувствува секој стрес и секоја лоша емоција која ќе имала таа во текот на бременоста. Тоа го направила за своето малечко и неговата среќа.
С. С. | Црнобело