Барак Обама и Бен Афлек: Познати личности кои не знаевте дека се во роднински врски
- Детали
- вторник, 17 април 2018
Тие дефинитивно не се први братучеди, но изненадувачки имаат по некој заеднички предок.
Сигурно и вие сте фан на Бред Пит, Мерил Стрип и Бен Афлек, па кој може да не ги обожава овие мултиталентирани актери, но дали сте знаеле кои познати личности се во далечни роднински врски со нив?
Верувале или не, и Бен Афлек и Бред Пит имаат роднинска поврзаност со поранешниот американски претседател Барак Обама.
Кои познати личности се всушност во сродство?
Мерил Стрип и Брук Шилдс
Таткото на Мерил Стрип и мајката на Брук Шилдс имаат далечен заеднички германски предок.
Барак Обама и Бен Афлек
Јасно е дека не си личат, но пронајден е нивни заеднички предок, кој се вика John Savage.
Бред Пит и Барак Обама
Тие најверојатно се роднини од деветто колено, а заедничкиот предок им се викал Edwin Hickman.
Стивен Спилберг и Гвинет Палтроу
Познатиот режисер ѝ е кум на славната актерка.
Антонио Бандерас и Дакота Џонсон
Антонио Бандерас беше во брак со Мелани Грифит, а Дакота е нејзина ќерка од првиот брак со Дон Џонсон, па така тие двајца на некој начин се во роднинска врска.
Дејвид Бекам и Елизабет Харли
Прекрасната Елизабет е кума на децата на Дејвид и Викторија Бекам.
Мадона и Селин Дион
Истражување кое се занимава со проучување на генетиката покажа дека Мадона и Селин Дион всушност се далечни братучетки и имаат заеднички предок, кој бил дрвосечач.
С. С. | Црнобело