Никогаш не е доцна: Актери кои постигнаа слава на постари години
- Детали
- петок, 13 април 2018
Иако, некои од овие ѕвезди се во самиот шлаг на холивудската А-листа, тие добро се испотиле додека да стигнат таму.
Кои познати личности ги добија своите 5 минути слава на подоцнежни години?
Самјуел Л. Џексон беше во 40-тите години кога стана дел од холивудската А-листа
Тој долги години добиваше мали улоги, сè додека на 43 години не ги освои срцата на критичарите со улогата во филмот „Jungle Fever“.
Џејмс Гандолфини ја доби улогата на својот живот на 38 години.
Во 1999 година тој се прослави со улогата на Тони Сопрано во серијата „The Sopranos“.
Кетрин Џустен го достигна врвот на 70 години
Кетрин со години работела како медицинска сестра и започнала да глуми во театар дури на 42 години. За улогата во серијата „Desperate Housewives“ доби две Еми награди.
Мелиса Мекарти имаше 41 година кога доби номинација за Оскар за „Bridesmaids“
Таа мина децении играјќи мали улоги, сè додека не го доби вниманието од јавноста.
Морган Фриман постигна голем успех на 52 години
Тој работеше како актер со години пред во 1989 година да стане познат по улогите во „Glory“ и „Driving Miss Daisy“.
Лиам Нисон имаше 41 година кога блесна во „Schindler's List“
Годината 1993 беше негова и оттогаш мега успешните улоги се редат.
С. С. | Црнобело