Мајка ѝ ја родила на 16 години, јаде кисели краставички со сè: Факти за Селена Гомез
- Детали
- среда, 28 март 2018
Таа има армија фанови низ целиот свет и секој миг од нејзиниот живот будно го следат медиумите.
Селена Гомез има 25 години, а веќе е една од најсаканите светски ѕвезди.
Таа е одлична пејачка и актерка, а во фокусот на медиумите е и поради нејзината турбулентна врска со Џастин Бибер (со кој повторно раскинаа), како и борбата со болеста лупус и трансплантацијата на бубрег која ја имаше пред некое време.
Интересни факти за Селена Гомез:
- Мајка ѝ ја родила на само 16 години во Тексас во 1992 година.
- Нејзиното име симболизира месечина на грчки јазик.
- Селена има мексиканско – италијанско потекло.
- Првиот концерт на кој присуствувала во животот е на Бритни Спирс. Вели дека се чувствувала како на седмо небо.
- Првпат на телевизија се појавила на 7-годишна возраст во „Barney and Friends“, каде ја запознала својата најдобра пријателка Деми Ловато.
- Сака да јаде цели лимони, па дури и става сол на нив.
- Обожава кучиња, хорор филмови и гласот го штити со пиење маслиново масло.
- За да нагласи дека сака за секс да чека додека не дојде вистинскиот носела прстен на кој пишувало „вистинската љубов чека“, но кога почнала да се состанува со Џастин Бибер го извадила.