Чудни тетоважи на ѕвездите за кои сите сакаат да веруваат дека се лажни
- Детали
- вторник, 20 март 2018
Многу од славните личности се „зависници“ од тетоважи, па постојано може да видиме по некоја нова на нивното тело.
Секако, поголем дел од фановите ги поддржуваат во тоа, освен кога нема да претераат со изборот.
Па така, неколку ѕвезди некогаш направиле мала „утка“ кога решиле да истетовираат нешто на телото, а фановите, како и сите останати, посакувале тоа да биде лага.
За жал, тетоважите не се лажни, а фановите остануваат разочарани од чудниот избор:
Голем феникс на грбот на Бен Афлек
Бен на почетокот тврдел дека огромната тетоважа од феникс на неговиот грб не е трајна и е направена само за филм, но потоа се докажа дека е вистинска.
Пеперутката на Хари Стајлс
Хари има многу тетоважи, но дури и најверните фанови на One Direction се надеваа дека оваа тетоважа од огромна пеперутка е шега – но, не е.
Огромен лав на градите на Ед Ширан
Во 2015, Ед ја откри огромната тетоважа од лав на неговите гради, а фановите мислеа дека е шега, иако тој подоцна потврди дека тетоважата е вистинска.
„Очите“ на вратот на Кара Делевињ
Кара Делевињ на вратот има тетоважа од очи, кои иако се одлично нацртани, сепак многумина сметаат дека се морничави.
„Vegemite“ тегла на раката на Мајли Сајрус
Сакајќи да оддаде почит на нејзиниот сакан кој потекнува од Австралија, Лиам Хемсворт, таа истетовирала тегла Vegemite (јадење од Австралија).
Многу од фановите сметаат дека сигурно постоел подобар начин да посвети тетоважа на момчето.
Портрет од Исус на ногата на Џастин Бибер
И Бибер има многу тетоважи по телото, но сепак многу од фановите беа скептични за тетоважата со ликот на Исус која тој ја има неговата нога.
М. М. | Црнобело