Ѕвезди кои добија Oскари за сосема погрешни улоги
- Детали
- недела, 18 февруари 2018
Полека приближувајќи се кон една од најпрестижните награди во светот на филмот, Оскарите, скоро секогаш се присетуваме на одредени податоци од типот – кој колку оскари освоил и дали наградата била целосно заслужена.
Овие ѕвезди несомнено ја имаат заслужено златната статуетка, но дали ја добиле истата за вистинската улога?
Погледнете кои славни актери добија Оскари за сосема погрешни улоги:
Ал Пачино
Освои Оскар за: Scent of a Woman
Требаше да земе за: Dog Day Afternoon
Иако можеби првиот филм ги освои срцата на гледачите, особено на женскиот пол, изведбата во филмот Dog Day Afternoon беше далеку помоќна, поинтензивна и похрабра.
Џенифер Конели
Освои Оскар за: A Beautiful Mind
Требаше да земе за: Requiem for a Dream
Нема сомнеж дека A Beautiful Mind е прекрасен филм во кој Конели одглуми одлично покрај Расел Кроу во главната улога.
Но, секој кој го има изгледано Requiem for a Dream се согласува дека тоа беше нејзината животна улога, за која не беше соодветно наградена.
Сандра Булок
Освои Оскар за: The Blind Side
Требаше да земе за: Gravity
Изведбата во „оскаровскиот“ филм беше солидна, но онаа во Gravity беше одлична. Едноставно, немаше ништо во изведбата во The Blind Side што ја предизвикуваше актерката да даде многу повеќе од себе, за разлика од Gravity во кој Оскарот ја заобиколи.
Вупи Голдберг
Освои Оскар за: Ghost
Требаше да земе за: The Color Purple
Уште еден доказ дека генеричките сладникави филмчиња понекогаш добиваат многу повеќе внимание, отколку оние кои се далеку покомплексни и помоќни, каква што беше и изведбата на Голдберг во The Color Purple.
Леонардо Ди Каприо
Освои Оскар за: The Revenant
Требаше да земе за: Wolf of Wall Street, Django Unchained, What’s eating Gilbert Grape, The Aviator.
Академијата толку многу пати го прескокна Леонардо Ди Каприо кога се носеа одлуките за доделување Оскари, што направи да изгледа кога конечно му го врачија во 2016 година како надоместок за сите оние пропуштени прилики кога вистински го заслужуваше многу повеќе.
Робин Вилијамс
Освои Оскар за: Good Will Hunting
Требаше да земе за: One Hour Photo
Невозможно е да не го сакате филмот Good Will Hunting и иако Вилијамс имаше симпатична улога, истата ја засенува неговата изведба во мрачниот трилер One Hour Photo каде што тој докажа дека е многу повеќе од обичен комичар.
Џорџ Клуни
Освои Оскар за: Syriana
Требаше да земе за: The Descendants
Ликот кој Клуни го глумеше во The Descendants беше далеку покомплексен од оној во Syriana, но академијата повторно направи превид и го награди за погрешна улога со млака изведба во прилично бавен и монотон филм.
Се согласувате ли?
(О)Милена | Црнобело