Во 2008 ѝ донесе победа на Русија на Евровизија: Како изгледа Дима Билан денес? (фото)
- Детали
- среда, 14 февруари 2018
Дима Билан е препознатливо лице од евровизискиот натпревар. Во 2006 заврши на второто место, а само две години подоцна триумфираше.
Се сеќавате ли на младото шармантно момче кое на Евровизија во 2006 година со песната „Never let you go“ ги освои срцата на гледачите ширум цела Европа и на Русија ѝ го донесе второто место?
Тогаш победата му избега за малку, но затоа во 2008 година на евровизискиот натпревар во Белград успеа да триумфира.
Дима ја оправда довербата на Русите, кои го испратија по вторпат, и победи со песната „Believe“
Денес тој има 36 години и сè уште се занимава со музика. Зад себе има низа хитови, а многумина го споредуваат со Енрике Иглесијас. Постојано е дел од руските музички талент шоуа, како член на жирито.
Дима влезе и во актерските води и е дел од многу руски филмови и серии.
Најнови фотки од неговиот Инстаграм профил:
С. С. | Црнобело